Среда, 17 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ДЕЛОТО „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

1a19

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин. Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Делото „Македонците во Светот“ од Слааве Катин е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Публикацијата  е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик, чии рецензенти се:  Д-р. Лефтер Манче од Канада,  Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија

Во оваапубликација, авторот Славе Катин открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија, е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на македонскиот народ за одбрана на неговиот национален идентитет, верата, културата, традициите. Фолклорот, песната и орото и обичаите, кои извираат од неговите библиски корени. Тој историски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во светот, во битката за одбрана на националната кауза, тие морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

Во овој историски преглед е направен обид за периодизација на целокупното живеење на македонските доселеници. Посебна нагласка и простор е посветен на македонските православни цркви и манастири. Со тоа се настојува да се осветли историскиот и развојниот пат на македонските православни црковни и општини, на информативните гласила, организациите, друштвата и другите асоцијации на Македонците на тие простори.

Трудот„Македонците во Светот“ го опфаќа периодот од доаѓањето на доселениците во новите средини од пред стотина години до денес, што претставува макотрпна, но и одговорна самоиницијативност да се создаде таква публикација. Таа го одбележува најважниот период на активностите на македонските доселеници во новите средини, а со тоа ја отсликува македонската вистина.

Публикацијата е поделена на девет делови и тоа: Вистината за Македониа; Македонската православна црква – ОА; Македонското иселеништво; Црковно-духовни центри во Австралија; Македонски православни цркви во САД и Канада; Црковно национални центри во Европската Унија; Медиумите на Македонците во дијаспората; Македонските асоцијации во светот; Македонците во соседните земји и делот Додаток.

     Публикацијата „Македонците во светот“ на Славе Катин е 58. дело, почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес.Тој е автор на дваесеттина дела со името Македонија, дваесеттина монографиии за познати и признати личности во иселеништвото и во Македонија, како и на десеттина лексикографски изданија

    Книгата „Македонците во светот“ на Славе Катин е дело кое заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката научно–културна јавност, а и од секој Македонец во дијаспората и во Татковината  . Во овој период и во иднина, трудот ќе претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Душан Ристевски 

Цела книга: „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

file:///C:/Users/Mane/AppData/Local/Temp/59.%20MAK%20VO%20SVETOT=520.pdf

 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.