Среда, 21 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 2007 И 2008 ГОДИНА (53)

1vecn

ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТО И ЧЕТИРИЕСЕТТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ

Делегацијата на МПЦ ја сочинуваа: архиепископот Стефан, мирополитот Тимотеј, епископот Климент, архимандритот Некариј, протојереј-ставрофор Драги Костадиновски, протоѓакон Димитар Белчовски, ѓакон Влатко Стојменов и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Државата Република Македонија ја претставуваа: г-дин Љубиша Георгиевски, претседател на Собранието со голема придружба.

За одбележување е што оваа година македонската делегација која го чествуваше споменот на свети Кирил беше најбројна. На манифестацијата беше промовирано капиталното дело „Византиска Македонија" во издание на италијански јазик. Делегацијата, најпрвин, се поклони на гробот на свети апостол Павле, каде што беше пречекана од кардиналот Кордеро Ланца Ди Монтеѕемоло. На 23 мај вечерта, хорот „Свети Климент Охридски" одржа концерт во црквата Марија ди Транспонтина.

На приемот кај папата Бенедикт XVI , архиепископот Стефан му подари панагија со ликот на Богородица Пелагонитиса. На молебенот на гробот на свети Кирил имаше бројни гости, а за поздравување беше што оваа година дојдоа и многу поклоници од Македонија. Во беседата на архиепископот Стефан стана збор за животот и делото на свети Кирил.

Архиепископот Охридски и Македонски Стефан

(Слово изговорено на гробот на свети Кирил, во Базиликата „Сан Клементе", Рим, 24 мај 2007)

Свети оче Кириле - добро Ти дојдовме и добро Те најдовме!

Ти дојдовме од Македонија - од Твојата и нашата Татковина! Дојдовме од земјата на љубовта, од крајот каде што е божествена убавината и бескрајна добрината. Ти дојдовме во име на народот, крстен од рацете Павлови и просветен од устите Твои, од народот благословен и пастируван од Твоите духовни рожби - Климент и Наум и од многуте богопратени личности; дојдовме од Црквата божја во Македонија, олицетворена како Црква Јустинијанова и Охридска архиепископија, на која Ти и служеше . Дојдовме од име на народот маченик и страдалник, од народот поделен и раселен, дојдовме од каде што се’ е Господово и Твое во Македонија. 

Учителе, дојдовме да Ти се поклониме и да Ти благодариме: најпрво, за љубовта и жртвата, а потоа и за се што направи за нашиот народ и за сите што го разбираа и примија зборот Твој и наш, и писмото Твое и наше. Да. Ти заблагодариме што „со Твоите божествени прсти на својот народ му ја напиша слободата од гревовното ропство, ..., што одозгора, со Твоите молитви, му дотече животворна вода ... , што со Твоите златозрачни стапки ги упати на прав пат нашите заблудени нозе ... , што ја излекува душата од струпјето на гревот, и што всади разум во нашите срца и што во нив ни ја напиша за многумина сокриентата богоразумна тајна ... " - како што Те воспеа некогаш и златоустиот свети Климент. 

1vecn2Св. Софија во Охрид 

Рамноапостоле, дојдовме да Ти се поклониме и да Ти заблагодариме што направи да разберат оние кои се противеа на нашето славење и на нашето молење како неугодни на Бога, што помогна да разберат дека секој народ може да се моли на својот и за себе разбирлив јазик. 

Ти благодариме што ги надмудри, говорејќи им дека сонцето грее за сите и дождот паѓа за сите , а не само за некои народи, и дека подобро е „в' црква да се кажат пет разбирливи , отколку илјадници неразбирливи зборови" (1 . Кор. 14: 19). 

Просветителе, Ти благодариме што направи Македонија да постане земја-книга, земја-икона и земја-олтар , да постане небо на земјата и земја за небото. Ти благодариме што направи зборот наш да постане непобедливо оружје и сила што се распростре од Солун до Владивосток, што со него ги направи горди и Балканот, и Моравија и панонија, што на Охрид му остави вечна белина и светлина што не заоѓа. 

Свети оче Кириле, Ти дојдовме, како и секоја година во изминативе 40 години, на гробот Твој, на вековниот за нас извор на нови сили и поткрепи. Одовде постојано го црпиме она што ни е најпотребно: и утеха, и надеж, и храброст , и трпение , и се што ни треба. Горди сме што Те имаме и за себе и за другите, што Те имаме за сите. 

Ти дојдовме заради Црквата која Ти ја сведочеше - едната и неподелена Црква Божја. Светите и богоугодниците како Тебе, им припаѓаат на сите. Господ Сезнајниот посака токму овде, во Рим , близу Павловото, да биде и Твоето земно почивалиште , за да сееш и понатаму љубов меѓу луѓето, за да го проповедаш мирот меѓу Истокот и Западот, за да продолжиш со градењето на добра волја меѓу народите...

1vecn3Свети Спас во Скопје 

Просветителе, дојдовме по благословот Твој, за да можеме да ги зaдржиме искушенијата што ги имаме како Црква и народ , што, како и на Тебе некогаш , и нам некои ни ги оспоруваат - јазикот и писм ото, историјата и културата, ни го оспоруваат и мето, ни ја негираат Татковината и се што е македонско. Дојдовме овде, каде што и твоето дело беше признато и благословено. Дојдовме да побараме благослов во годината кога одбележуваме 40 години од целосната возобновена автокефалност на нашата Црква - Охридска и Македонска архиепископија. 

Дојдовме и да Ти кажеме, дека и покрај сите распетија што ги доживеавме и ги доживуваме како народ и земја, постигнавме и постигнуваме дела, веруваме, достојни за почит: ја чуваме верата, ја браниме Црквата, се грижиме, според силите, за спасението на душите на богољубивиот наш народ. 

Учителе, дојдовме за да не благословиш со благословот Божји што секогаш ни го даваше, и за да Ти кажеме дека, по Твоите молитви, ќе истраеме на патот Твој, по браздата Твоја и Методиева, на делото Климентово и Наумова, ќе истраеме за да се запази достоинството на Твоето богоугодно и свето дело. 

Свети оче Кириле, благослови не и моли се за Црквата наша македонска, за народот Божји и државата наша македонска: моли се за оние што не љубат и за оние што ни прават зло, -. за да се просветат. 

Моли се за оние што го следат и за оние кои застраниле од Твојот пат - моли се за сите! Биди ни и понатаму постојан застапник пред Семоќниот Господ, заедно со брата Ти Методиј, со свети Климента и со сите светии. Амин! 

На 14 и 15 јули 2007 година во Охрид беше свечено одбележана 40-годишнината од донесувањето на Одлуката за возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија, чија легитимна наследничка е Македонската православна црква.

Oд издавачката дејност:

Цветан Грозданов: Живописот на Охридскта архиепископија, студии, 2 издание, МАНУ, Скопје 2007.

Маја Јакимовска -Тошиќ: Кирилометодиевски книжевни проекции, Институт за македонска литература, Скопје 2007. 

Лилјана Макаријоска: Студии од историската лексикологија, Посебни изданија од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", кн. 48, Скопје 2007.

Ѓорѓи-Поп-Атанасов: Средновековна македонскахимнографија, IX-XIIIвек, Скопје 2007. 

Ѓорѓи-Поп-Атанасов: Света Гора, Скопје 2007.

Д-р Ратомир Гроздановски: Свети апостол Павле и Македонија, Скопје 2007.

Вера Стојчевска-Антиќ, Странските слависти за Македонија и за македонскиот јазик, Универзитет „Св. Кирил и Методиј", Скопје 2007. 

Вера Стојчевска-Антиќ: Ореолот на свети Климент Охридски, Охрид 2007.

Вера Стојчевска-Антиќ: Претскажувањата на Голем Александар, Дијалог, Скопје 2007.

Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николвоски-Катин: Култот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа, Македонска искра, Скопје 2007.

Продолжува

1slaveПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.