Среда, 21 Јули 2021    Печати
АВСТРАЛИЈА – ДОМОТ НА БРОЈНО МАКЕДОНСКО ИСЕЛЕНИШТВО ОД ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

1sl1212

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Во текот на работа и творечка дејност Славе Катин објавил шеесет публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.  Исто така, автор е на над четири илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот. Меѓутоа, за Славе Катин Австралија остана убавата земја во која тој се чувствуваше како дома – во Македонија

Затоа, во книгата „Во Австралија како дома“дело на„Матица македонска“ од Скопје, 1992 година, на 136, на македонски јазик, чиј рецензенти се Христо Андоновски и Фиданка Танаскова, авторот Славе Николовски - Катин ги пренесува неговите творечки преокупации како патописец, портретист, репортер и хроничар на дел од настаните во македонските колонии во Австралија.

По структура тие се репортажи, портрети, белешки, разговори, записи. Во исто време, тие се текстови кои како новинарски постигнувања имале кус век на траење во периодиката, меѓутоа тие заслужуваат многу подолг живот, останувајќи како неми сведоци за дејствијата, животот, активностите, видувањата и перцепцијата на репортерот, чија желба е што повеќе да забележи, што посочно да го изрази тоа видување кое треба да покрене интересирање и да остави траги кај читателот.

Сите тие настани и личности се презентирани на еден лесен стил, прифатлив за читателската публика во Македонија и во дијаспората. Притоа се дадени успесите, можностите, потенцијалот и постигнувањата на македонските доселеници, кои се своето културно - духовно, образовно и друго богатство претставуваа значаен дел од мозаикот на многу националната и мултикултурна Австралија.

За одвележување е тоа што во 1992 година во текот на празничните денови на Илинден во библиотеката на Домот во Љубојно во Преспа, пред повеќе од двеста присутни, за прв пат се одржа промоција на книга. Тоа беше делото „Во Австралија како дома“ од Славе Николовски – Катин, за кое зборуваа проф. д-р Томе Саздов, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија и писателот Раде Силјан како издавач. Исто така на присутните им се обратија проф.д-р Васил Тупурковски и писателот Цане Здравковски. Публикацијата „Во Австралија како дома“ од Славе Николовски-Катин е прво издание промовирано во Љубојно.

Инаку, „Љубанските илинденски иселенички средби“ се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетители. На Илинден Љубојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати. Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, Тогаш ечат песни и ора, се одржуваат визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.

Публикацијата „Во Австралија како дома“ од Славе Николовски-Катин е прво издание промовирано во Љубојно, а е издание на „Матица македонска““ од Скопје, отпечатена во 1992 година, на 136 страници на македонски јазик, во кое тој ги пренесува своите творечки преокупации како патеписец, портретист, репортер и хроничар на дел од настаните во македонските колонии во Австралија.

За ова дело публицистот Христо Андоновски ќе напише дека Катин овојпат се фокусира на прашањата и про­бле­­мите од областа на животот и активностите на македонските доселе­ници, особено на Македонците од Беломорска Македонија кои живеат и ра­ботат во демократска и мултикултурна Австралија, каде, за разлика од својата земја, ги уживаат сите социјални и човекови права“, вели во својот предговор кон книгата, познатиот македонски публицист и научен ра­бот­ник Христо Андоновски, еден од компетентните познавачи на ма­ке­донското иселеништво.

Не случајно ова дело на Катин го носи насловот „Во Австралија како дома“, зашто македонските иселеници во оваа земја се чувствуваат како дома. Не е мал бројот и на оние Македонци кои со своите инте­лек­туални и образовни, духовни и други способности, се пробиле во по­ви­соките сфери на австралиското општество, како професори, лекари, адвокати, бизнисмени, писатели, уметници, па и членови на високите др­­жавни структури. Затоа голем број од нив новата средина Австра­ли­ја ја избрале како своја, постојана - втора татковина, зашто им пружа усло­ви да се чувствуваат токму како дома.

Покрај промоција на ова дело пред голем број љубители и обожаватели на Славе Катин во Љубојно, на првите Илин­ден­­ски празнувања во 1992 година, втората промоција е организирана во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Имено, друштвото „Браќа Ми­­ла­ди­­новци“, заедно со издавачот „Матица македонска“ организираа про­моција на повеќе свои изданија, меѓу кои и на книгата „Во Австралија како дома“, за која зборуваше писателот Раде Сиљан, како нејзин издавач.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН