Среда, 01 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ЗЕГИН“ – ФАРМАЦЕВСКИОТ БИСЕР HА МАКЕДОHИЈА(21)

1а12345

Компанијата ЗЕГИН е прва и најголема веледрогерија во Македонија која во 2019 година го одбележа јубилејот – 30. година од нејзиното дејствување. Веледрогеријата ЗЕГИН како основна дејност има внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи.

Според пишаните документи, Компанијата ЗЕГИН работи во согласност со правните регулативи во земјата, имплементирајќи ги највисоките светски стандарди и најуспешните практики. Компанијата е регистрирана и за увоз на лекови. Во рамките на ЗЕГИН Големопродажба, функционира посебен сектор за истражување и анализа на пазарот, како и за следење на светските достигнувања во областите кои се сфери на интерес и дејствување. ЗЕГИН Големопродажба, соработува со клинички центри и општи болници и ја снабдува широката мрежа со повеќе од 400 аптеки, што ја прави најголема веледрогерија во земјата со удел од 60 % на пазарот со лекови.

Мисијата на брендот , пред сé, е да се биде вистински пријател на здравјето на луѓето и семејствата, преку обезбедување на квалитетен а најефтин лек поткрепен со стручен совет, што поблиску до дома.

Мисијата се реализира преку понуда на богат спектар на лекови и производи по најприфатливи цени во земјата, во широко дисперзирана мрежа на аптеки каде од стручни лица може да се добие совет и помош.

Во 1993 година е основан ЗЕГИН ФАРМ – СКОПЈЕ, за продажба на мало, на лекови, пара лекови и медицински помагала, производи за исхрана, додатоци во исхраната, макробиотика, козметички производи.

Значењето на слоганот е изнедрено од приказната на бисерот. Бисерот е перфектна креација на природата, а се создава од болката на школката. Во себе може да крие спомени на векови, но во моментот на дарување, на неговата блескава површина, се огледа насмевката и желбата, на оној кој дарува. Седефестата белина на современиот бисер е симбол за чистота, во секоја смисла на зборот. Бисерната ниска, колку има повеќе бисери, толку е повредна.

1а123456

Дел од кабинетот на ЗЕГИН

Во текот на 26 години ЗЕГИН ФАРМ нанижа ниска од 180 бисери – 180 аптеки ширум земјата со препознатливото лого на ЗЕГИН. Зад бројот стои сериозно разгранета инфраструктура, со обучен кадар и посветени вработени кои покрај бараниот лек или друг производ, стручно и љубезно ја даваат потребната информација и совет. Во прилог на транспарентност, со цел информирање на граѓаните, бројните локации и адреси на аптеките ширум земјата, компанијата ги дава на корпоративната веб-страница www.zegin. com.mk, во посебен дел наречен – Локатор на аптеки.

Во аптеките на ЗЕГИН ФАРМ има повеќе од 12.000 производи, по најприфатливи цени, по што е секогаш прв избор на потрошувачите. Во име на здравјето, да се биде достапен за сите граѓани ширум земјата, е постојан предизвик за компанијата, кој се мери преку експанзија на мрежата и збогатување наниската бисери, што на брендот ЗЕГИН му донесе лидерство во македонски рамки по бројот на аптеки. Поликлиниката ЗЕГИН МЕДИКА Во април, 1998 година, д-р Верица Механџиска, како специјалист по медицина на трудот, ја основа

Поликлиниката располага со современа биохемиска лабораторија за општи прегледи, биохемиски анализи, комплетна крвна анализа, ЕКГ, абдоменален ултразвук и терапија за остоепороза, во која работат специјалисти од различни области во медицината. Во рамките на Поликлиниката има четири итни служби, кои по принципот на матичен лекар, опслужуваат повеќе од 5.000 пациенти. Со отворањето Поликлиника се одговори на потребите на граѓаните со стручна помош и стручни консултации за нивните здравствени проблеми. ЗЕГИН Медика, природно го дополнува портфолиото на ЗЕГИН групација.

Во 1999 година е основана ЗЕГИН Шпедиција – компанија за транспорт и шпедиција за потребите на групацијата. Тимот на ЗЕГИН Шпедиција, во контакт и соработка со надлежните министерства, врши подготовка и комплетирање на потребната царинска документација за увоз и извоз. Компанијата располага со сопствен царински склад од 2.500 м2, за складирање на лекови и други стоки. За транспорт на лекови и стоки, соодветно на видот на стоките и потребите, компанијата користи превозни средства од свој возен парк кој го сочинуваат 23 товарни возила, 18 патнички возила и едно возило за брза помош.

Со цел да се поттикне и промовира здрав стил на живеење, ЗЕГИН во својата групација воведува нов подбренд ЗЕГИН – ХЕЛТИ ФУД (здрава храна). За неполни 3 (три) години, се отвораат близу 30 продавници со органска храна од домашни и светски производители. Проектот е замислен како долгорочна поддршка на менување на стекнатите навики со нови, кои ќе придонесат за подобро здравје на поединците и семејствата.

Во продавниците на ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД компанијата организира различни настани за популаризација на предностите и бенефитите на храната од органско потекло, со цел подигање на свеста на потрошувачите.

Во соработка со Федерацијата на производители на органски производи и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство , компанијата врши промоција на домашно органско производство од домашни производители.

Преку ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД, компанијата истовремено укажува на почитување на домашните потенцијали и светските трендови во прилог на поголема животна енергија, повитална кондиција и подобро здравје.

Поддршката на домашното органско производство се огледа и во директно вклучување во органското производство преку МЛЕКАРА ХЕЛТИ ФУД БЕРОВО И ЛОЗАР.

МЛЕКАРА ХЕЛТИ ФУД БЕРОВО е специјализирана за производство на традиционални млечни производи подготвени според технологијата на старите мајстори од осоговскиот крај. Осоговските Планини и Малешевијата се една од еколошки најчистите средини на Балканот. Млекото за сите видови сирења кои се произведуваат во Млекарата, се откупува од сточарските фарми распоредени во подножјето и по Осоговските Планини. Млекарата работи со современа технологија, според НАССР стандардите. Сите производи се вистински амбасадор на квалитетот, меѓу нив и познатото традиционално - беровско сирење.

ЗЕГИН ЛОЗАРСТВО Во атарот на Општина Лозово, на извонредно поволен терен за одгледување винова лоза, 300 од вкупно 500 хектари се под лозов насад. Токму тука, од 2007 година, ЗЕГИН ја продолжи историјата на производство на вино на Винарската визба на Лозар, добро позната на картата на македонските винопроизводители.

ЗЕГИН ЛОЗАРСТВО покрај виното и ракијата на македонскиот пазар е познат и по производството на маџун, традиционален производ кој се користи за медицински цели, а дел е од најбараните препознатливи производи во продавниците на ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД. Посебно интересно е што ЗЕГИН ЛОЗАРСТВО работи на усовршување на првото македонско медицинско вино.

ЗЕГИН ФОРМАТИ ЗА МАС КОМУНИКАЦИЈА Почитта кон пошироката јавност и купувачите во аптеките кои гордо го носат препознатливото лого на ЗЕГИН, создаде потреба за нивно информирање и едуцирање во областа на здравјето и негата. Бидејќи ништо друго како мас- медиумите не може истовремено да допре до многу луѓе, ЗЕГИН Групацијата го зголемува своето портфолио со различни видови канали на информирање и едукација.

Темите за здравјето и здравиот начин на живеење се од примарен интерес на секој човек, независно од полот, возраста, верската припадност, професијата и социјалниот статус. Токму затоа, ЗЕГИН поставува сериозно голема редакција која стои зад темите и содржините на медиумите, а ја сочинуваат вработени и соработници стручни во различни области и специјалности.

1а123457

Под логото ЗЕГИН функционираат повеќе медиуми, на чии содржини работат голем број стручни лица, главно, од областа на фармацијата, медицината, информатичките и комуникациските науки и тоа: Списанието – Мали совети за здраво семејство; Веб-страницата – www.zegin.com.mk; Социјалните медиуми; facebook; Instagram; Веб-порталот – Наше здравје - www. nasezdravje.com; ТВ ЗЕГИН (online TV); Радио ЗЕГИН (online radio); Мали совети за здраво семејство.

Така, Списанието има едукативен и информативен карактер, поради што потрошувачите во аптеките на ЗЕГИН ФАРМ го сметаат за исклучително корисно и со нетрпение го очекуваат секој нов број. Неговите страници содржат совети за здравје и нега, поврзани со сезоната, како и текстови на актуелни теми од областа на медицината, фармацијата, козметиката, грижата за здравје и нега во различни возрасти, за целото семејство. Во него може да се најдат одговори на бројни прашања, како и релевантни совети од стручни лица вработени во компанијата и соработници. На дел од страниците е вклучен каталог со актуелни цени на производи од богатата понуда на аптеките, што ова списание го прави корисно и за планирање на потребите и семејниот буџет.

Дел од каталогот е посветен и на партнерите на компанијата, кои имаат можност на својата целна публика директно и со оригиналната порака, да ѝ ги претстават новините во својата понуда, што списанието го прави неодминлив дел од директниот маркетинг на брендовите чии производи се наоѓаат на полиците во аптеките на ЗЕГИН ФАРМ.

Списанието се печати на квалитетна хартија во тираж од 100.000 примероци по број, што го прави најтиражно во земјата. Секој број има повеќе од 140 страници и се дели бесплатно во аптеките на ЗЕГИН. Секое ново издание на Мали огласи за здраво семејство, е нова ризница на знаења и со нетрпение се очекува, за да се чита, чува и препрочитува. Сериозниот пристап на компанијата се рефлектира и во студиозната подготовка на списанието, кое излегува на секои 45 дена, а на крајот на 2019 година ќе го доживее својот 100. број.

ЗЕГИН МЕДИА ЗЕГИН Групацијата, со почит кон пошироката јавност, има посебно изграден однос кон соработката со медиумите. Политиката за транспарентност и редовно споделување информации за новини и активности го прави брендот ЗЕГИН еден од најприсутните во медиумите.

Од друга страна, за основање на компанијата ЗЕГИН МЕДИА, под чија закрила работат веб-портал, и онлајн телевизија и радио : ЗЕГИН МЕДИА е основана во 2019 година и раководи со медиумите: Веб-порталот НАШЕ ЗДРАВЈЕ ТВ ЗЕГИН РАДИО ЗЕГИН

Продолжува

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.