Среда, 07 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
НЕО-КАНИБАЛИЗМОТ НА ХРОНОС (2)

2cani1 2cani1101

Скулптурите на Бруно Каталано, така искасапени, ги одразуваат и злосторствата на девијантните креатури, и светски и анти-македонски. Тие креатури се креатори -  кремираат, плаќаат, и се платени да кинат и палат средишта на човечноста, срца на медената земја. Креаторите уништуваат, крадат кариери, коват вечно вето во перфидно перфекционирани перформанси. Но, во овој процес на разградување, разјадените жртви се обраќаат пред последно свесниот свет. Откриваат трајни вистини во одбрана од пост-вистини за новите човекојадци. Жртвите докажуваат: тие се човечните, и вечните, наспроти проАгресивните, анти-развојни тенденции и ботокс филувани интелигенции.

Вистинските, човечните височини, од секогаш биле и се’ повеќе се, и светска и локална суштина на вредностите. Иако отфрлани од безвредните, алчните и затоа безмилосните провалници по туѓи патеки на сонцето. Познати се тие грди крадци на светите книги и скриптите по ненивни библиотеки. Разбојници позиционирани како стројници на растроена култура, од раѓање тие влечеле анти-култура, анти-човечност. Упорно уперени, оѕверени против творечки осознаените битија, откритија и пронајдоци. Пљачкосуваат пиратите на Хронос, сега засилен и со ХроносАна, ни’ присвојуваат науки и уметности,  пишат-бришат лажна сопственост по сите полиња на оригинални духовни овоштарници.

Сега наново, вампирски се катераат по највисоки катови анти-христови, лажно-светски, анти-македонски, со камелеонски пропаганди за обединување. Отпадници од совеста, тие  реалноста за нив ја кријат патолошки, ја негираат и пред сведоци, без страв од човечка и божја правда. Тие отровни бршлени лажно грлат и смртоносно стегаат во свој утерус, свои скапо наплатени љубовници. Во нивни скут се наместиле да ги искачат и до Држава и до Академија, додека мудриот современ Сократ анти-демократ да го доотрујат. Нови нереди тренираат во својата пеш-Тера Инкогнита. Одново богатства ни’ крадат и обезличуваат, тие што го отруја и Александар Македонски, тие, платените негатори на се’ што е мудро и мирно, плагијатори музиканти, фолиранти со се’ што е највредно од творечките култури. 

Напаѓачите, лажно современите Хронос и ХроносАна, наредуваат: „Багажот на патниците кои губат историска и сегашна и идна екологија и генеалогија (идентитет, историја, име, имовина, јазик, татковина), нивните т(в)орби ќе бидат сочувани само кај нас, за нас. Целосно сОбрани, сите нивни лични остатоци, ќе бидат за наши податоци пред силите на жилите на судот на правдата. Наши сили ќе приберат се’ видливо-невидливо поседувано од патниците што успеваме да ги престориме во лутачи дирижирани од нас!“ Така магистрално, маестрално, монструозно индоктринираат и диктираат анти-пријателите.

Но, невино нападнатите заветуваат: „Не ќе останеме само мртва енергија за ѕверските цицачи на нашиот благороден род, човечен од’ кон иднината. Раскарани, невини, прогонети, ние сепак ќе спречиме натамошен егзодус режиран од далечни и од домашни окуПатори. Нема да сме патници неповратници од светскиот хаос. Не даваме да сме засекогаш заробени од бескрвни актери активни по виртуелно филантропски пазари на вториот Вавилон, префрлени во холограми, експериментални панорами на спржен Парадајс, потопена Либија, стресена Турција, Мароко и Хаваи, ураниумски Нигер, непомирлив Близок, Среден Исток, раздробен централен запад, изгризана, избодена Македонија оставена за неа да се коцкаат тие нови римски војски.“  

Праведни сме, и со право одбрани од природата и историјата на светот, свој чудесно умен пород да имаме, свој храбар народ на планетата, земја за сите. Не сме ни изгубени туристи, ниту поткупени авантуристи, иако прогонети од нашиот природен хабитат, наследуван, надградуван и бранет со нашиот гениј. Од море до планина, езеро и река, знаеме - плодна органска долина не’ чека. Се враќаме од патишта на пустошот. Од мајчино, а не волчјо млеко децата да ни’ бидат доени. Иако Хроносаните, од завист болните за надмоќ над човечноста, под нивна сенка не’ бодат, и во гради и зад грб.    

Нивната темна моќ гневно ги остава нашите архитектури без виделина, без визури - во немоќна ноќ, и ни’ се заканува со : „Нема излез за враќање на вашиот суверенитет. Нема простор за ваша само-обнова после вашата правда наспроти нашата. Неа во прав и пепел ја задушуваме. Вашата етика ја етикетиравме биоерозија. Ние сме силите за присилни корекции, имплозии, експлозии, ваша доброволна еутаназија. Фантазија. Освојувачите – ние, лесно ве измамивме, вас распаднатите. Вашите заводници без да согледате, ги следеа нашите правци по патишта на вашето одумирање, дел по дел губење од се’ свое.“ 

Пораката од секој изгубен дел во скулптурите – уверува, ништо не губи своја енергија и материја, само се трансформира. Патниците, раскршени, распарчени од бестијални нео-варвари, продолжуваат со сопствени енергетски крила. Не се гаснат и не угинуваат, но отпорно обзнануваат: „Ние самите одново оживуваме од последниот свој им-пулс и инстинкт и иницијатива, како нов Болен Дојчин кој овој пат нема да се распадне по борбите со освојувачи. Одново ќе докажеме свое непрекинато присуство во заедништво со човековиот интерактивен, афирмативен, интегративен напредок низ позитивни промени за сите. И ние сме од вселената инсталирана во нашиот ИДентитет. Јазикот на делфините зарем е позначаен да се декодира за потоа да се корумпира во нова експлоатација? Јазикот на Македонците не го даваме да го потопуваат до под дното на крвавиот, лигавиот свет.

Деконструирани фигури... Не пошле на пат да освојат суетни трофеи (скулптура бр. 5), но да сведочат за своите трагедии на апсурдот во кои се растура нивниот генетски корен, се корнат историски информации за тој светски криминал. Лажните патриоти кријат, кинат докази и траги од поделби, прогони, напалм палежи. Овие композиции ја ангажираат совесната свест: Дали новиот грабеж на вредности приСилува само на еден лексикон – заменување на мислата, поништување законот, правдата?! Мудроста признава диверзитет, благословува богатства на реткиот идентитет, и со реалноста спречува расформирање на битието во отровната челуст на пакоста, во мората на љубомората, во безумие на злото. 

Како на различноста од богатства кај тој народ ќе гледаат заслепените регулаторите на историски и современ трансфери на знаења и транспорт на материјални добра? Како, ако понижуваат, поништуваат неизбежен „гнев на народот, на природните и општествените законитости“?! За принципите на космичкиот ред, за одбрана на развиениот и затоа осакатен човек, знаат и Никола Тесла и Илон Маск и визионерските водачи! Но, тој ред никогаш не ќе го запознаат фалсификатори на патиштата, самопрогласените императори што голтаат бисери како да се семки од тикви. Тие што во незаштитените пат(е)ници гледаат примарен и финален потрошен материјал за нивната трговија со доброто?! 

Ограбувачите не сакаат да чујат дека постојат сеуште чисти тела и дела неосвоени од пандемии на нивните разорни хемии. Одбиваат да знаат дека на земјиниот глобус, и во песочи пустини се лачи сонце за препород на светлината во нештетно гориво за транспорт по земја и воздух... пустини под кои лежат мориња слатка и питка вода, не само отровна горчлива крв на ХроноСана. Таа и ограбувачите со терминаторски цели се засилуваат да ги отпишуваат човековите величините со интегритет, нивните интелигентни решенија за продолженија по патот на светлината Ги елиминираат без рассудување и судење. Биле  пречист потенцијал спротивставен на ладнокрвните убиства извршувани од ХроноСана.

Таа и Хронос сега манијакално и вокално се подготвуваат - вистината за жртвуваните народи и луѓе да ја запалат. Веќе чистат патишта за нивните слободи да маневрираат во нови војни. За да нема трага од реципроцитетно напредување. Пропагандите нивни прогресивно брзаат да изврзат свои криминални мрежи во интерактивни кола со заводливи интеграции со разединетите нации. За таму да не им дадат веќе место на отфрлените, и од нив ограбените, за да се придружат да шмукаат кислород од милијардите патници, со 60 до 90 смртоносни гигахерци. Да ги фрлаат во нов холокауст, да се чистат од живите сведоци на своите Катадневни КатаКлизми. Горење, и без и со војна... горење на сите не-нивни. Финална солуција на преселниците од шарената ИД револуција?      

Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.