Среда, 18 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
РЕСЕН - ОПШТИНСКИ И ПЕЧАЛБАРСКИ ЦЕНТАР НА ПРЕСПА (28)

3 copy copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Печалбарството во Преспа оставило многу траги и животни стории кои зборуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за тешкиот живот, зборуваат за неизносените невестински руби и за детството без родителска љубов.

Така, се јавија новите топоними „Женски мост”, „Плачи камен”, „Плачи круша” итн. Тоа се места на разделбите на штотуку мажените невести, на родителите од синовите, на децата од родителите. Тоа се места оплакани со солзи, места на разделби, мечти, ветувања, аманети…

Преспа и сите населени места под Пелистер и Галичица, а и другите преспански печалбарски села празнично се расположени во текот на месеците јули и август. Овој живописен крај широко ги отвора портите за печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето прадедовско огниште.

Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, да го празнуваат Илинден и Илинденските средби, манифестација што на 2 август секоја година се одржува во Преспа.

Ресен во историја е забележан и како место каде што се појавиле никулците на Младотурската револуција (1908). Меѓу првите организатори бил и ресенчанецот – мајор Ахмед Нијази – бег, командат на турскиот воен гарнизон. Ресен е расадник на голем број интелектуалци кои оставиле вечни траги во историјата на Македонија.

Ресен е општествено - политички и културен центар на Преспа. Тој се наоѓа во средишниот дел на Горна Преспа, од двете страни на патот Битола – Охрид и Охрид – Корча. Ресен е повеќевековна населба, каде покрај Македонците живеат и други етнички групи. Тој како населба со градски статус егзистира околу три века.

Треба да се нагласи дека Ресен и цела етничка Преспа се богати со  Преспанското Езеронационалните паркови Галичица и Пелистер, кои  на регионот му даваат посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина езеро во Република Македонија.

Културата во Преспа, пак, датира уште од времето на неолитот. Патот Виа Игнација поминувал низ котлината за време на Римската Империја. На овој питом дел на Македонија, постојат голем број споменици на уметноста во регионот. Грнчарството, е развиено во Преспа, особено во Ресен уште во минатото и сѐ уште е присутно, благодарение на Ресенската керамичка колонија. Таа е сместена во „Сарајот“ - Културен дом изграден од Нијази бег  и претставува дом за многу светски познати грнчари од земјата и светот.

Ресен се карактеризира со голем број стари македонски архитектонски остварувања од минатиот век, како и со интересните зданија како што се Сарајот, касарната, гимназијата, некои хотели и друго.

 33 copy copy

Сарајот во Ресен

Една друга карактеристика за Ресен, а и за сите делови на Преспа, е таа што револуционерното движење за национално и социјално ослободување на македонскиот народ од турското ропство се појавило пред крајот на 19 век. Исто така, тоа е место на голем број иселеници насекаде по светот.

Така, по Илинденското востание дел од работоспособното христијанско население заминал на печалба во некои европски и прекуокеански земји, со што била проширена печалбарската традица, започната кон средината на 19 век.

Печалбарството од Ресен и Преспа продолжило и по Балканските и по Првата светска војна достигнувајќи кулминација по Втората светска војна. Околу една третина од населението на Општината Ресен како печалбари или иселеници живее надвор од Македонија.

Најмногу иселеници од Преспа има во Австралија, Канада и САД, како и во Европската унија (Германија, Франција, Шведска, Швајцарија, Белгија, Данска, Италија) и други земји.

Во годините по Првата светска војна, како веќе населба со градски статус, Ресен почнал постепено да се ослободува од својата „рурална идила“ и поинтензивно да се развива на културен, информативен и спортски план. Така уште во 1916/1917 година бил формиран првиот тамбурашки оркестар, за потоа да се основа и првиот фудбалски клуб „Преспа“.

Пред Втората светска војна била отворена првата библиотека со скромен фонд книги, а во 1946 година се отворила Народната библиотека, за денес како матична библиотека да работи со фонд од околу триесетина илјади книги.

Годините по ослободувањето на Македонија беше период кога се отвориле неколку училишта на мајчин македонски јазик, проработило првото кино во градот, бил формиран Работничкиот универзитет како самостојна образовна, воспитна и културна институција, проработило првото радио во Преспа, се формирал Вокално – инструменталниот ансамбл „Ресенчани“, Културно – уметничките  друштва „Братство“, а потоа и „Таше Милошевски“ и други институции.

За културното живеење во Ресен е карактеристична 1973 година кога во Отешево се отвори Ресенската керамичка колонија, која во 1993 година прерасна во меѓународна ликовна манифестација, а во 1999 година е примена  за членка на Меѓународната академија за керамика при УНЕСКО во Женева. Своја галерија има во Домот на културата (во Сарајот) во Ресен.

Ресен сé до Втората светска војна имал педесетина жители со завршено средно, високо и високо образование. По војната само со вишо и високо образование се стекнале преку стотина ресенчани. Многумина од нив работеле и се уште работат на високи политички, државни, општествени и стопански позиции.

Меѓу учените ресенчани ќе ги споменеме само следните: Христо Татарчев, еден од организаторите на ВМРО, Симеон Радев, бугарски дипломат, Кирил Миљовски, академик на МАНУ, прв ректор на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Борис Миљовски, познат новинар, Драги Тозија, културни работници, Кирил Чавдаровски, судија и други. Потоа од Ресен се дваесеттина универзитетски професори, бројни новинари, стопанственици, дипломати, како и познатите писатели: Радослав Петковски, Ацо Филип, Светлана Христова – Јоциќ, и многу други.

Во Преспанската котлина постојат 74 села,  од кои 43 се во општината Ресен. Во оваа општина бројот на населението е околу 17.000 жители, од кои околу 13.000 се Македонци, потоа околу 1 800 се македонски Турци, околу 1 500 се македонски Албанци, а околу 700 се други националности.

Во Долна Преспа, во делот на јужниот сосед живеат припадници на македонска, елинската, влашката, албанска и други националности, додека во Мала Преспа живеат само Македонци.

Следниве (43) се селата од општина Ресен: Арвати, Асамати, Болно, Брајчино, Волкодери, Царев Двор, Долна Бела Црква, Долно Дупени, Долно Перово, Дрмени, Евла, Езерени, Горна Бела Црква, Горно Дупени, Горно Крушје, Грнчари, Илино, Избишта, Јанковец, Коњско, Козјак, Крани, Кривени, Курбиново, Лавци, Лескоец, Лева Река, Љубојно, Наколец,, Отешево, Петрино, Подмочани, Покрвеник, Прељубје, Претор, Рајца,  Сливница, Сопотско, Стење, Стипона, Штрбово, Шурленци, Златари i населбата е Сирхан..

Од 1991 година Општината Ресен е демографска, економска и социјална единица на самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Крај

1slavek1 copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.