Среда, 16 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО БУЕНОС АИРЕС (РИО ДЕ ЛА ПЛАТА) – ГЛАВНИОТ ГРАД НА АРГЕНТИНА (4)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

По војната со Велика Британија, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно била вратена политичката слобода па во 1983 година биле распишани демократски избори.

Ние бевме (авторот на овој текст во својство учесник на меѓународен симпозиум) дел од аргентинската вистина во главениот град Буенос Аирес, каде живеат околу 3 милиони жители. Буенос Аирес, што на шпански значи „добар ветер, добар воздух“) е метропола и најголем град во Аргентина. Како што градот Петрополис во Бразил бил престолнина на Португалската Империја, исто така и Буенос Аирес, под името Рио де ла Плата бил главен град на Кралството Шпанија.

Град којшто го заплиснуваат водите од струењата на Атлантскиот Океан и кој со својата местоположба е распослан во должина и широчина на тој дел од Аргентина. И ние бевме дел од таа метропола во хотелот кој беше распослан на брегот од  реката Ла Плата, за неколку дена во текот на еден симпозиум. 

Инаку,  населението на Буенос Аирес, главно, се Аргентинци од шпанско и италијанско потекло, а ги има со еврејско арапско, кинеско, корејско, балканско и друго потекло, од кои  поголемиот број од населението се припадници на католичката црква, но има и јудеисти и муслимани.

Интересно е да се спомене дека во 1806 година Буенос Аирес бил окупиран од Британците. Шпанија во тој период не била доволно силна за да го одбрани градот, па самото население се дигнало на бунт и само се ослободило. Всушност, тоа ја претставува и борбата на Аргентина за самостојност.

При посетата на Буенос Аирес имавме желба да посетиме многу споменици од историјата, културата, природни убави, но најмногу да го почувствуваме овој град со моќта на тангото. Минувавме километри и километри од влезните булевари на главниот град на Аргентина, љубопитно посматрајќи ги специфичните архитектонски обележја на метрополата надалеку позната по својата особеност и привлечност.

Буенос Аирес облеан со сончевина среде пладне, и среде лето, не маѓепса со неговата убавина, раскош, богатство на споменици кои ја сочинуваа прекрасната разгледница, а пред нас се отворија нови сè поинтересни видици за кои имавме претстава од обемната литература.

Младиот црномурест и елегантен таксист, кој течно зборуваше шпански и англиски јазик го замоливме да нè информира за многуте интересни градби на градот, додека тој брзо не носеше кон едно од најцентралните подрачја во раскошниот дел - Рекоба. Навистина момчето не престана да нè информира за голем број споменици, за начинот на живеење на населението во градот, за религијата и бројните споменици на католичката црква и на други религии, за културното наследство за сè она што тој во улога на професионален водич можеше да ни го долови.

Но, се чини врв на неговата љубов кон Аргентина ја искажа на свој посебен начин. Имено, во еден момент застана, излезе од автомобилот и онака сам направи повеќе, можат да се речат професионални чекори од познатото аргентинско танго, како да сме на некоја претстава, за што од нас доби и заслужен аплауз. Влезе во автомобилот и ни рече дека ќе видиме еден многу интересен монумент.

Така вниманието ни го насочи кон спиралното метално поприлично високо спомен-обележје во модерна верзија, посветено на тангото. Многумина како нас љубопитно го гледаа споменикот на тангото. Многу туристи од различни земји со задоволство се сликаа и гласно коментираа.

Ако некогаш тангото било игра на улицата, на сиромашните и можеби безнадежните, како што појаснуваше водичот од групата нордиски туристи на кои им се приклучивме и ние, така сега тангото е престижот на Аргентина. Со задоволство може да се каже дека тангото е брендот на Аргентина. Тоа е некаков препознатлив знак на оваа земја. Моќта на тангото, не е само во оние беспрекорни движења на чудесната игра, туку е тоа е спој на емоцијата, елеганцијата, движењето, љубовта...

Туристите понесени од оваа мини-сторија за тангото која ја слушаа од  високото момче, кој беше водич на поголема група дојденци, не им дојде како изненадување, или, пак, да им падне незгодно, дека сега тука, баш и ќе ги направат првите чекори на кои ги покани нив, ама и сите нас кои бевме присутни крај споменикот на тангото. Тоа и се случи. Секој за себе играше, се разонодуваше и изведуваше некакви играорни вештини.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy


Црквата „Санта Роса“

Сите на свој начин почнаа да креваат и нозе и раце, да прават некои чекори, да се приближуваат еден кон друг, да се смеат и да уживаат во забавата на отворено. Се создаде пријатна атмосфера во авенијата на дрворедите, на чиј сам крај многумина ги направија првите танго-обиди, и на завидно добро ниво. Во сетаа таа игра на телото, на рацете, на умот се приклучивме и ние.

Како да ни помогна и нашата македонска играорна надареност, ние се обидувавме да покажеме поголема професионалност во играњето. Затоа на крајот нашата игра на тангото беше наградена со аплауз. Кога веќе кажавме дека сме од Македонија, сите гласно извикавме - вива Македонија, вива Канада, вива Аргентина!

Во текот на нашиот престој во овој мегалополис на реката Рио дел Плата имавме време наредните дни да го почувствуваме одблизу пулсирањето на убавиот град, и особено бевме задоволни дека запознавме толку љубезни луѓе и драги пријатели. Инаку, Аргентиците зборуваат шпански, а мал број го познаваат англискиот јазик. Меѓутоа, кај младите генерации има напредок во оваа насока, слична како кај нас во Македонија, и многу од нив се трудат да го зборуваат светскиот јазик.

Често не прашуваа за земјата од каде сме. А ние со задоволство им кажувавме дека сме од Македонија, од земјата на Александар и Филип Македонски, каде како во Аргентина каде се игра танго, во Македонија се игра „Тешкото“, античко оро кое е дел од богатиот македонски фолклор, познат насекаде во светот.

Многумина со внимание не следеа во нашите искажувања за Македонија, но одреден број, во исто време, се чудеа за ступидното прашање за името на нашата земја наметнато од јужниот сосед. Во моментот кога и’ објаснувавме на една дама од Чиле, ни пријде еден Аргентинец по националност Евреин и гласно прокоментира:

Се радувам што гледам Македонци, блиски на мојот еврејски народ, со слична судбина и проклета историја, да ни дојдат тука во Аргентина. Од Израел и од Македонија, завојувачите постојано краделе низ вековите. Но, сите што ви краделе низ вековите, па еден ден мора да платат и да вратат што зеле, па затоа сега ги прават таквите егзибиции околу името“, беше коментарот на Евреинот.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.