Среда, 20 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Во 640 година Египет бил освоен од Арапите кои останале да владеат околу десет века. Потоа дошле Османлиите, па бил освоен од Наполеон, за подоцна во 1882 година Египет да стане протекторат на Англија. Во тој период трговијата и земјоделството доживуваат подем, а со прокопот на Суецкиот Канал и развојот на бродоградбата, земјата се здобила со капитал и станала монархија. Но, со укинување- то на кралството во 1952 година Египет бил прогласен за република.

Денес Египет го посетуваат милиони туристи, намерници, научници, пустоловци... кои доаѓаат да се запознаат со антиката, која се среќава насекаде во земјата. Ние се уверивме во тоа при посетата на Каиро. Тој е главен град на Египет и еден од фасцинантните градови во светот. Арапите го викаат Ел Кохра, Англичаните Каиро, а Французите  Ле Каир. Тој е најголем град во Африка и во арапските земји, кој е сместен, главно, на десниот брег на реката Нил. Каиро е град на ретка убавина и контрасти, каде се вкрсту ваат многу елементи од Истокот и Западот. Таму се прочуените пирамиди и сфингата, од една страна, а цитаделата со голема џамија од другата страна на градот.

Има околу 300 џамии и бројни храмови на Копската православна црква. Во него се наоѓа прочуениот муслимански Универзитет „Ал Азхар“, кој е формиран во 972  година, потоа националниот универзитет, големата библиотека, уметничкиот музеј, како и еден од најбогатите и најинтересните египтолошки музеи во светот. Во Каиро постои една од најубавите и најбогатите зоолошки градини.

Во Каиро е неопходно да се посети Египетскиот музеј на плоштадот Тарар, каде е сместена најубавата колекција на артефакти (вештачки производи, ракотворби), вклучувајќи го и богатството на Тутанкамон со неговиот ковчег и неговата мумија од пред 3.000 години, кои се зачувани до денес. Тие се откриени во 1922 година во

„Долината на кралевите“ во Луксор, каде е најдена многу скапоцена археолошка граѓа. Музејот обилува, и со големи богати експонати од фараонската, исламската и византиската уметност.

Инаку, древните Египќани ги граделе пирамидите како гробови за да ги зашти- тат телата на мртвите кралеви, бидејќи тие верувале во нивното воскреснување и бесмртност. Пирамидите во Гиза се најпознатите во светот. Исто така, Музејот за исламската уметност е еден од важните споменици на културата не само за Каиро и Египет, туку и пошироко за арапскиот свет.

Во него, меѓу другото, се чуваат околу 80.000 ретки експонати од почетокот на исламот до крајот на отоманскиот период. Таму се наоѓа најзначајната и ретка збирка на ра кописи, вклучувајќи го најголемиот примерок на Куранот во куфитски ракопис на кожа. Овие и многу други предмети ја збогатуваат итака богатата култура и историја на Египет. Каиро е главен град на Египет, а воедно и најголем град во Африка и на Арапскиот    Полуостров.

Градот се протега од обете страни на јужниот дел на делтата на реката Нил. За време на своето постоење градот бил центар на многубројни култури во Египет. Каиро е политички, економски и културен центар на Египет и на Блискиот Исток. Градот е престолнина на египетската влада, парламентот како и на сите др- жа-вни, религиозни структури и дипломатски претставништва во Египет.

При нашата посета бевме информирани дека почетоците на Каиро се наоѓаат во не- колку пранаселби. Староегипетската населба на источниот брег на Нил, која од Елините  (Грците) била нарече-на Мемфис Римјаните ја доизградиле во тврдина. На север од неа, за време на арапското освојување во VII век од н.е., бил изграден логор кој подоцна се развил во град. И двата града растеле на местото на денешната Каирска чаршија.

Откако градот делумно бил уништен од страна на пожари, Абасидите основа- ле нова населба лоцирана на брегот на реката Нил. Откако Фатимидите во 969 година го освоиле Египет, основале главен град кој го нарекле ал Каира (al-Qahira-„По бедничкиот“). Под власта на Мамелуките (1250-1517), Каиро станал центар на ислам ската култура. Во 1517 година, Османлиите го освоиле Каиро и останале да владеат во градот сè до XVIII век.

Под водство на Наполеон I, француските трупи го освоиле Каиро во 1798 година, за време на нивната експанзија во Египет. Во 1801 година, градот повторно е освоен од страна на Османлиите. До средината на XIX век, поради зголемените долгови на Египет како и ослабувањето на Османлиската Империја, во Каиро се зголемувало европското влијание.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Цитадела, египетски музеј

 Исмаилпаша, кој владеел од 1863 до 1879 изградил доста објекти во градот и го искористил отворањето на Суецкиот Канал во 1869 година, да го презентира Каиро на европските сили како една вистинска метропола. Голем удел во развојот на градот имале заемите од странство каде што најважна улога играла Велика Британија. Тие ја диктирале и политиката на градот сè до Првата светска војна. Помеѓу војните, населението на Каиро растело со голема брзина и до пред почетокот на Втората светска војна ја достигнало границата од 2 милиона жители.

Како седиште на Арапската лига и важната улога која ја имал во мировниот процес на Блискиот Исток, Каиро добива уште поголемо меѓународно значење. Конференцијата на светското население под закрила на ООН, која во 1994 се одржа во Каиро, само го ут врдила, па дури и зголемила добриот углед на Каиро на меѓународната сцена. Тема на  конференцијата биле проблемите, со кои, меѓу другото се соочува и Каиро.

Службена религија во Египет е исламот, а друга религија која е застапена во државата е египетското христијанство, т.н. Копти. Инаку Коптите се жртви на муслиманите кои постојано се борат да формираат стриктно исламска држава. Притоа, организацијата за човекови права установила дека владата во Египет врши дискриминација над Коптите.

Исто така, за Каиро бевме информирани дека местоположбата, помеѓу Јужна Европа, Ориентот и Африка била пресудна за оваа метропола да игра улога низ историјата како еден од најважните трговски центри во регионот. Најважни гранки на производството во градот се: преработка на метали, производство на текстил, обув- ки, мебел, тутун како и материјал за печатење. Тој е економски центар од најголемо значење во регионот, седиште на многу концерни и економски организации.

Интернационалниот аеродром се наоѓа во североисточниот дел на Каиро. Во изминатите неколку децении е забележан рапиден раст на населението во египетската престолнина, а како најголема причина за тоа се смета големата стапка на раѓање. За да може полесно да се контролира растот на градот, во околината се изградени неколку мали гратчиња. Центарот на Каиро има околу 8 милиони жители а заедно со околината и предградието повеќе од 17 милиони жители.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.