|
Документарецот „Шивачките“ на режисерката Билјана Гарванлиева ја доби наградата „Срце на Сараево“ во натпреварувачката категорија на документарни филмови на 16.Сараевски филмски фестивал.
Одлуката ја донесе тричлено жири во состав Дана Будисављевиќ, режисерка и продуцентка од Хрватска и продуцентките Катерине ле Клеф од Франција и Естер ван Месел од Швајцарија. Филмот на Гарванлиева е посветен на шивачките од Штип. Примајќи ја наградата во Сараево, авторката истакна дека филмот им го посветува на сите жени во Македонија, зашто тие заслужиле да добијат филм во кој ќе бидат претставени не како жртви, туку како хероини.
- Ова е голема победа за македонската документаристика. Оваа награда исто така многу ќе му помогне на филмот, чија тема е женскиот поглед на глобализацијата која ни се случува пред прагот, да дојде и до европската медиумска јавност, изјави Гарванлиева која доби и парична награда од 3.000 евра, што ги обезбеди Сојузното министерство за надворешни работи на Швајцарија…
|