Недела, 25 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
Цветници

cvetnici_1304-1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христо­вото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен.

Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со масли­нови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Празник на последното  влегување на Исус во Ерусалим

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица  секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога Бог ќе ти даде”.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор”. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати”. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините”.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој  чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

(Подготви Марко Китевски)

 

   

 

 

 

   
 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.