Среда, 02 Јуни 2021    Печати
По стапките на Месијата (1)

mane

Мане Јаковлески

Витлеем, (Bethlehem) градот во кој е роден Исус Христос

Фотографии:

http://www.mn.mk/fotogalerija/5452-Vitleem--Betlehem-Noemvri-2011

Моето патување започна од Витлеем (Bethlehem) град на Западниот Брег, кој се наоѓа блиску до Ерусалим. Градот е познат бидејќи овде е родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика Рождество Христово.

Во Витлеем исто така е роден и Давид, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“.

Витлеем се наоѓа на околу 20 км од Ерусалим, на 765 m надморска височина, во градот живеат околу 20 000 жители.

Витлеем за прв пат се споменува во Библијата, во која пишува дека Јаков својата жена Рахела ја „покопал“ на патот кон реката Еуфрат, односно Витлеем.

Многу Христијани ја посетуваат црквата Рождество Христово.

Црквата се наоѓа на плоштадот Мангер, што во превод значи јасли.

Црквата е една од најстарите цркви и е сеуште во функција.

Таа се состои од два дела – базиликата Рождество Христово и црквата Св. Катрин.

Најважно од се е пештерата на Рождество Христово.

Таму се наоѓа сребрената ѕвезда и тоа место се смета за точното место на Рождество Христово.

Наредна среда: Стариот Град Ерусалим