Среда, 07 Јуни 2023    Печати
По стапките на Месијата (2) Стариот Град Ерусалим

Мане Јаковлески 

Стариот Град Ерусалим

Стар Град (Ерусалим) Според хебрејските ракописи, цар Давид со градот владеел во 970 година п.н.е. Тој бил наследен од страна на својот син, Соломон,  кој го изградил Ерусалимскиот храм на планината Мориах. Храмот на Соломон, (подоцна наречен Прв Храм) прераснал во големо светилиште во еврејската историја, а се смета дека подоцна во него бил чуван и Ковчегот на Заветот.Повеќе од 600 години, односно сѐ до преземањето на градот од страна на Вавилон, градот останал престолнина на Јудејското кралство и религиозен центар на Израелците. Овој период е познат како период на Првиот Храм. По смртта на Соломон, (930 п.н.е.), градот останал престолнина на царството.

По освојувањето на градот, завршил првиот период на храмот, и тоа во 586 година п.н.е., со заземањето на градот од страна на Вавилон, рушејќи го храмот на Соломон. По педесет години Евреите откако биле протерани од градот, персискиот крал Кир II им дозволил повторно да се вратат. Со нивното доаѓање, дошла и идејата за повторна реконструкција на ерусалимскиот храм. Тој бил изграден во 516 п.н.е. во времето на Дариј I, односно седумдесет години по уривањето на Првиот храм. Градот повторно станал најважен центар на Евреите и нивната култура.

Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим попаднал во рамките на Македонската држава. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на Селеквидите.

Селевкидската Империја (312 п.н.е. - 63 п.н.е.) била империја во античкото време, т.е. една од империите-наследнички на Македонската Империја на Александар III Македонски. Ја основал Селевк I Победникот, еден од генералите на Александар Македонски. Селевкидската Империја била главно сместена на Блискиот Исток.

Стариот Град во Ерусалим е оддалечен на околу 1 километар од модерниот Ерусалим. До 1860 година овие простори на градот ја сочинувале внатрешноста на градот. Стариот Град има форма на неправилен круг и во него може да се влезе од 7 различни порти од градот од кои најпознати се Јафа и Сион. Стариот Град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите.

Во 1980 година, Стариот Град во Ерусалим е заштитен под УНЕСКО.

Денешниот Стар Град во Ерусалим е 3-4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Кон 66 година, кон почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал својот најголем расцвет. Неговото население било околу 100.000 луѓе и бил четвртиот град по големина во светот, по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заобиколен од големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40 метри. Центарот и главен објект бил Ридот на храмовите.

po-stapkite-na-medijata-2-1

po-stapkite-na-medijata-2-2

 

po-stapkite-na-medijata-2-4

po-stapkite-na-medijata-2-5

po-stapkite-na-medijata-2-6

po-stapkite-na-medijata-2-7

po-stapkite-na-medijata-2-8

po-stapkite-na-medijata-2-9

po-stapkite-na-medijata-2-10

Населби во Стариот град

Традиционално за Стариот град е тоа што тој е поделен на муслиманска, христијанска, еврејска и ерменска населба.

Еврејската населба

Во еврејската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Har ha-Bayit) обградена со Ѕидот на плачот. Во Израел уште населбата ја  нарекуваат Западниот ѕид, бидејќи тоа е единствениот дел кој останал од Вториот храм.

Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.

po-stapkite-na-medijata-2-11

po-stapkite-na-medijata-2-12

po-stapkite-na-medijata-2-13

po-stapkite-na-medijata-2-14

po-stapkite-na-medijata-2-15

po-stapkite-na-medijata-2-16

po-stapkite-na-medijata-2-17

Муслиманска населба

Вистинскиот камен на храмот се наоѓа под џамијата Ал Акса, која е точно зад Ѕидот на плачот. Зад неа пак се наоѓа џамијата Кубат Ал Сахра (катедрала на каменот).

po-stapkite-na-medijata-2-18

Христијанска населба

Во стариот град на Ерусалим се наоѓа црквата на Воскреснувањето или позната како брдото Голгота, каде според Библијата бил распнат Исус Христос. Исто така во стариот град се наоѓа и Светиот Гроб, место кое се смета дека е гробот на Исус Христос.

po-stapkite-na-medijata-2-19

po-stapkite-na-medijata-2-20

Ерменската населба

Ерменската населба е најмала во Стариот град која се наоѓа до христијанската населба.

po-stapkite-na-medijata-2-21

Продолжува: Маслиновата гора - Гетсиманската градина