Среда, 22 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Рамноапостолското дело на Светите Браќа Кирил и Методиј меѓу Македонците

Agatangel-1МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†АГАТАНГЕЛ

На почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун.

Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на високиот службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија, по народност Македонци. Тие имале повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин.
Уште од најраното детство, побожните Лав и Марија ги воспитувале своите чеда во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ја применат возвишената христијанска убавина во своите животи.

Костантин уште од својата младост се интересирал за теологијата, философијата и за другите световни науки, а посебно внимание посветувал на изучувањето на делата на свети Григориј Богослов и на Дионисиј Ареопагит. Токму заради тоа неговиот татко го испратил во Цариград за да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки се изучувале и граматиката, аритметиката, географијата, астрономијата, музиката, поезијата, реторика и т.н. Покрај овие науки Константин ги изучувал латинскиот, еврејскиот и сирискиот јазик, што покрај мајчиниот македонскиот и познавањето на грчкиот јазик, многу бргу направило од него сериозен и ценет полиглот.

Неговата дарба за јазици ќе дојде до израз подоцна, кога со благослов на Цариградскиот патријарх ќе појде во повеќе мисии меѓу разни народи, проповедајќи и ширејќи го христијанскиот начин на живот. Надарениот Константин, откако го завршил своето високо образование, бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија во Цариград, а потоа бил избран и поставен за професор по философија во училиштето каде што го завршил своето образование. Од тогаш тој и го добил името Константин Философ.
За постариот брат на Константин - Методиј, во историјата постојат мошне оскудни извори, во кои се посочува дека тој, за време на својот живот, успеал да стекне солидно световно образование и потоа се посветил на државната и воената служба. Методиј се одликувал со исклучителен христијански добродетелен живот, а воедно бил и надарен со државнички и воени способности. Тој подолго време управувал со Брегалничката област и дал голем придонес за христијаннството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех на Методиј исто така бил заслужен и неговиот брат Константин, кој по покана на својот постар брат ја обавувал христијанската мисија во источномакедонските краеви.

Успехот меѓу Македонците во Брегалничката област не останал незабележан во Патријаршијата и во седиштето на Царството. Токму заради тоа Константин и Методиј ќе добијат друго послушание, а тоа е да ја возобноват македонската азбука, а потоа и да ја применат преведувајќи ги богослужбените книги на јазикот на Македонците од Солунско и да се подготват за мисионерско патување кај западните Словени во Моравија.
За да ја остварат зададената цел Светите Браќа извесно време, пред својата мисионерска дејност, се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде трпеливо и со многу труд се подготвувале за своето епохално мисионерско дело. Нивното манастирско осамување било двапати прекинувано, зашто во меѓувреме од страна на Византиската власт и од Цариградскиот патријарх биле испраќани во христијански и просветни мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех.
Познато е дека Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III да му биде испратен „епископ и учител, кој на нивни јазик ќе им ја објаснува и проповеда вистинската христијанска вера“. Без многу размислување изборот паднал на Светите Браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од богослужбените книги и од Евангелието веќе биле преведени на македонски јазик, кој воедно бил разбирлив и за другите Словенски народи. Светите Браќа веќе имале искуство во мисионерството меѓу Македонците во Брегалничката област и во некои други области низ Македонија, па оттаму ги избрале своите ученици и помошници и тргнале во Моравија. Во Моравија биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. При утврдувањето на верата во Моравија наишле на голем отпор од германското свештенство, кои имале амбиција да го асимилираат словенското население, па затоа од нив лажно биле обвинети за ерес.

Со вакви клевети тие биле принудени да појдат во Рим за пред папата да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Откако папата одблизу се запознал со дејноста на светите Константин и Методиј и откако ја увидел нивната вера и добра намера самиот ги одобрил и благословил нивните богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и да бидат служени богослужби на македонски јазик во три римски цркви. Константин во Рим тешко се разболел, овдека го примил и монашкиот потстриг, добивајќи го името Кирил, според името на свети Кирил Римски, чии мошти Светите браќа ги пронашле и ги донеле во Рим, а набргу потоа и се упокоил во Господа на 14 февруари 869 година. Методиј, сега како Архиепископ Моравски заедно со своите следбеници - сега православни свештеници, се вратил во Моравија и го продолжил своето епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени. Во Моравија, Методиј бил дочекан со уште посилно и пожестоко непријателство од страна на германското свештенство. Истоштен од напори, заточенија и измачувања, Свети Методиј се упокоил во градот Нитра во 885 година. Неговите ученици исто така биле подложени на измачувања и прогони, а некои од нив биле распродадени и како робови.
По смртта на Свети Методиј, делото на Светите Браќа паднало во голема криза, но благодарение на нивните најнадарени ученици - светите Климент, Наум, Сава, Горазд, Ангелариј и другите, ползувајќи го веќе научниот и проверен мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави Божјата вистина на новите народи, притоа почитувајќи ја нивната културна самобитност, ова епохално и рамноапостолно дело останало да се памети како еден од најголемите и најзначајни настани во историјата на Европа и на целата човечка цивилизација. Мисионерскиот метод кој го користеле Светите Кирил и Методиј останал да биде жив образец за христијанските мисионери во сите времиња.

 

Охридската книжевна школа


По смртта на свети Климент и свети Наум книжевната школа ја продолжиле нивните ученици. Тие главно се занимавале со препишување на творбите на светите учители. Многумина од нив од смирение, понизност и почит пред нивното големо дело останале анонимни и непознати. Меѓу непознатите автори се и составувачите на нивните житија. Ова експлицитно е наведено од анонимниот биограф на свети Наум, кој вели дека по наредба на Деволскиот епископ Марко, се зафатил со пишување на житијата на охидските светители и просветители.

По повод годишнината од смртта на свети Климент еден друг анонимен автор составил Служба, мошне поетска, која претставува ретко убав споменик на нашата книжевност од овој ран период.
Меѓу непосредните ученици на свети Климент и на свети Наум е и Константин Презвитер, подоцна епископ Преславски. Тој е познат по неговите творби „Азбучна молитва“ и „Проглас кон Светото Евангелие“. Негови се и делата „Поучно Евангелие“ и преводите на „Четирите слова против аријанството“ од свети Атанасиј Велики и „Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски“ и многу други.

Црноризец Храбар, чие вистинско име е непознато е исто така продолжувач на делото на свети Климент и на свети Наум. Негови дела се: „О писменех“, кое е апологија на македонската писменост и тој овде ја брани македонската азбука и го заштитува македонското културно дело од страна на горделивите грчки асимилатори. Тој во ова дело напишал: „Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле пагани и незнабошци“.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.