|
||||
| Осветена црква во Трница, Маврово Ростуше |
|
Со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил. Новоизградената црква е дел од манастирскиот комплекс, кој се гради изминативе 17 години со донации на верници, жители на населбата и фирми. Владиката Кирил во својата беседа пред верниците и гостите нагласи дека ова е уште еден бисер на храмови кој е осветен во годината кога се одбележува четири и пол децениското опстојување на обновената автокефалност на МПЦ ОА.
|



Со црковно-народен собир во месноста Трница, општина Маврово Ростуше беше осветена манастирската црква „Свети Никола летен“.

























