Среда, 16 Март 2022    Печати
Кралското македонско знаме

kutles-240

 

 

 

 

 

 

 

 

Ѕвездата од Кутлеш е симболот кој го користат Македонците. Тоа е сонце со 16 краци и е симбол на македонскиот народ, земја и култура.

Во 1977 во селото Кутлеш беше откопана во еден археолошки локалитет и според името на селото Кутлеш, денес така и се нарекува симболот. Во гробот што бил откриен пронајдена е златна плоча со изгравирано сонце на неа. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.

Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме.

Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16-краки ѕвезди или во поупростената верзија ѕвезда со осум краци.

Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, Светскиот Македонски Конгрес,македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година.

Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како сопствен симбол со тоа што Беломорска Македонија го има истото знаме, но со сина позадина.

Симболот и грбот на македонската општина во Албанија, Пустец, е официјален грб на општина Пустец. Грбот се состои од златна 16 крака Ѕвезда од Кутлеш на црвена основа. Над Ѕвездата од Кутлеш стои натписот Општина Пустец на македонски јазик, а додека на долниот дел стои натписот Komuna e Liqenas (Општина Пустец на албански јазик).

 

Grb-pustec
Грб 
на Општина  Пустец

 

Грбот на ОМО Илинден - Пирин е официјален грб на политичката партија на Македонците во Пиринска Македонија.

На грбот е претставена зелена планина што ја симболизира Пиринска Македонија. Во позадина на планината е претставена Ѕвездата од Кутлеш и го симболизира македонскиот народ, територија, историја и идентитет.

Во подножјето на планината се претставени три цвета.

Македонците од Пиринска Македонија доста често го користат нашето национално знаме што се користеше до 1995 година.

 

Omo_pirim_logo
Грб 
на ОМО-Илинден Пирин - Политичка партија на Македонците во Бугарија

zname-makedonija-1992
Знаме 
на Македонија од 1992 до 1995

smk
Грб на Светскиот Македонски Конгрес