Среда, 27 Октомври 2021    Печати
За потеклото на името на селото Зубовце

Но, дали тоа било баш така?

Од каде пак зборот `зуб`?

Секој кој бил на местото каде било старото Зубовце, значи-Пилигринци, знае дека оттаму не може да се види ништо што на нашите предци би им личело на ЗУБ, таму каде што е денешното Зубовце.

Потоа, што е најважно и ден денес Зубовчани не велат: зуб ниту заб туку з’б, не велат рука, ниту рака туку р’кa, не велат ниту пут, ниту пат туку п’т, маж – м’ж, сонце-с’нце, тапан-т’пан итн.

Па да тргнеме оттаму, јасно произлегува дека името на селото Зубовце не може во никој случај да потекнува од некаков ЗУБ.

Според горенаведеното, побргу селото ќе го нарекле: Забовце или поправилно З’бовце, но не е ниту едното, ниту другото... Туку...

Според мое мислење и според мојата анализа за етимологијата на името селото Зубовце, се осмелувам да го речам следното:

Во дамнешно турско, нашите предци биле принудени да се преселат на нова локација, како крајна мерка, заради честите пљачкосувања и невољи од арамиите. Во непосредна близина на селото поминувал т.н

Алабачки пат по кој се мотале најразлични арамии кои не само што им ја краделе стоката, туку им ги краделе и децата! И најверојатно, нашите предци барале побезбедна и посигурна локација, место за своето село.

Изборот паднал: Ене, онаму... Во подножјето на Шар планина, таму каде што има две реки, Голема и Мала река, кои тогаш биле доволно богати со вода, толку потребна за животот на селото.

И тогаш, најверојатно, ги употребувале следните зборови, објаснувајќи и убедувајќи се меѓусебно:

Да се преселиме таму во подножјето на планинана и таму сигурно ќе биде побезбедно, поубоо, за убоо=зубоо... Зубовце. (Зубоо-како што и денес се зборува во селото)

Тука може да се додаде, дека името Зубовце може да е составено и од: Зубоо+овци=Зубовци.

Имено, јас пронајдов две надгробни плочи во црквата Св.Марена во с. Зубовце, кои потекнуваат од 1903 година, каде селото е напишано: Зубовци, што укажува на фактот дека и до скоро минато Зубовчани биле големи одгледувачи на разна стока како и на овци.
Имам лично искуство на што и јас се сеќавам на тоа...

Поткрепа на ова наоѓам и во името на маалото Фичуровце чие потекло доаѓа од зборот Фичур (главен помошник на бачот при правење на сирење и кашкавал).

Значи, во основа на името на селото Зубовце се наоѓа зборот Зубоо-за убавина,  што значи Зубовце од секогаш било убавина и останало убавина!

Витко Огњаноски
(По кажување на Академски сликар и истражувач Александар В. Настески)