Среда, 20 Март 2013    Печати
Македонски народни поговорки

Бисери на мудроста

pogovorkiМакедонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што не опкружува.
Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука.

Арниот јунак дома не умира

Арно братство помило од богатство.

Болеста лесно доаѓа, а лесно не си оде.
Без слобода ко риба без вода

Викај по волкот дури не влегол во булукот.

Водата се може да измие, само лошио јазик не може.

Во секое село треба да имаш по еден пријател

Далеку оди, ама и за дома мисли.

Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделината

Да растуреш е лесно, а да направиш е мачно.

Два лешника еден орев кршат.

Два пати помисли, еднаш прозборуј.

Добрината со добирина се плаќа.

Добри пријатели и од браќа се помили.

Ѕид без малечки камчиња, не стоит,

Јунак без рана , не бива.

 

 

Кој сее добрина – жнее добрина.
Гатала бабата да нема мраз, а изутрината снег до колена.
Водата спие, душманот не спие.
Види го прво дрвото, та после седни под него.
Едно кројат глувците, а друго крои мачорот.
Кој рано рани две среќи граби.
Она што не го сакаш за себе не го мисли на друг.
Гостинот и рибата третиот ден , смрдат.
Поубава е чучулигата во рацете отколку тетребот на дрвото.
Подобро е никогаш да не се почне отколку никогаш да не се заврши.
Помеѓу зборовите и делата , долг е патот.
Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната.
Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци.
Вистината е посјајна од сонцето.
Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.
Здравјето е најголемо богатство на човекот.
Ништо не користи да се трча – треба навреме да се тргне.
Мелницата не меле со водата која веќе истекла.
Орелот се вие во височината, а на свињата местото и е на буништето.
Ново сито на клин виси.
Лозјето не бара молитва, бара мотика.
Секоја страна на тревата има своја капка роса.
Пријателот во неволја вреди злато.
Пријателот во невоља се познава.