Среда, 23 Октомври 2013    Печати
Прво издание на Фестивалот „Џифони - Македонија“

GIFFONI-kinoteka

Министерката за култура  минатиов викенд посети работилници во рамки на првото издание на Фестивалот „Џифони - Македонија“

Министерство за култура преку Кинотеката на Македонија и Филмскиот фонд, се вклучи како активен партнер во овој единствен и уникатен Фестивал „Џифони“.

Како активни партнери преку Кинотеката на Македонија и Филмскиот фонд, Министерството за култура и во иднина ќе даде огромна поддршка во реализација на овој единствен и уникатен Фестивал „Џифони“ каде активно се вклучени голем број држави и од регионот и пошироко...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со директорите на Фестивалот „Џифони“ и на Детскиот фестивал од Сиетл, Клаудио Губитоси и Елизабет Шепард посети неколку работилници во рамки на првото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ во Македонија.

- Би сакала да му се заблагодарам на директорот на „Џифони“ кој овозможи да бидеме еден значаен и главен партнер како држава во рамки на „Џифони“ фестивалот кој е уникатен и единствен во светот, а се одржува во Италија. Оваа година во јули беше 43-то издание на „Џифони“ фестивалот во Италија, каде што и Македонија беше присутна и се претстави на тој фестивал. Овој месец е првиот „Џифони“ фестивал во Македонија, изјави Канческа-Милевска.

Можев да видам некои вештини кои се проследени со музика и танц, работилници каде се изработуваат уметнички предмети од хартија, тоа е некоја јапонска вештина. Се разбира во рамките на овие пет дена додека се реализира Фестивалот ќе има голем број филмски проекции каде сите овие дечиња на возраст од 10 до 18 години се вклучени во голем број работилници, дебата, проследување филмски проекции со цел да се развие креативноста во делот на филмот.