Среда, 24 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Приказни за кириличното писмо

prikazna-za-kirilicnoto-pismo

Како јата птици зборовите летаат и ги разнесуваат мислите и пораките на луѓето. Тоа што е напишано останува како цртеж на карпа, симбол, знак, неизбришлива трага на постоење, стигнува до нас како најстаро писмо од Македонија. Ги разбираме писанијата на нашите претци оставени по пештерите, печатите, пергаментите, монетите и книгите со Евангелија од нашата библиска земја. Врвулици од народи и војни со уништувачка сила не ги допреле древниот ум, зборовите, јазикот во комуникација на сите што живееле во македонската империја. Потоа се појавувале нови јазици како латинскиот и православно-црковниот јазик со истите македонски букви.

Од сите македонски градови и престолнини, славата на Солун си стои меѓу тврдините уште од времето на создавање кога Касандар се оженил со ќерката на Филип II, Тесалка, и во нејзина чест го нарекол градот Тесалоника. Тој град со милениуми е центарот на македонската писменост. Епископскиот град и центар на Православното христијанство од времето на Константин и Јустинијан до Самуил, го чувал чистиот македонски јазик на кој се препишувала Библијата во сите периоди на покрстување и ширење на писмото низ Европа. Нималку не е случајно што од Солун се повикани браќата Кирил и Методиј и им е доверена мисијата на описменување на сите народи северно од Македонија. Мисијата ја продолжиле браќата

Климент и Наум со илјадници ученици по Моравско, Влашко, Украинско и цела Русија каде што и денеска кирилското македонско писмо е во употреба. Старомакедонскиот црковен јазик се пее во Кириловите манастири цела Русија, пред фреските на сите Свети просветители од Македонија. Многумина од нив и ги оставија коските таму, заедно со покрстувањето, кирилицата и македонскиот дух за градење на црквите во Киев, Москва, сè до Сибир и Владивосток. Рускиот народ не ги заборава своите браќа по род, јазик, библија и православен канон. Во секоја црква и манастир стојат Кирил, Наум, Климент, па фрески на боговите и руските цареви со писмо во раце, нашето македонско писмо на Кирилица. Охридската архиепископија го имала единственото право на крунисување кралеви. Сите доаѓале во Македонија како во света библиска земја да примат благослов и да формираат

свои нации и јазик. Кирилското писмо во Православниот свет е основа за писменоста позајмена од Македонија. Има некоја архаичност во македонскиот јазик. Тоа е црковниот јазик. Тоа се македонските корени на писмо на фреските. Тоа е Македонија во чии крошни и колевки се извеле буквите со Кирилско писмо кое се користи кај сите народи во Православието.

 

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Коњички марш на Коњаницата од Цапари–Битола до Крушево

Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонски...

Историја

News image

Масакр во Загоричани

Масакрот во Загоричани во 1905 година бил извршен во селото Загоричани од страна на грчките андрати....

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ II (13)

 Текстовите во продолженија во порталот „Македонска н...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (4) Кармелиски манастир

Кармелискиот манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Црквата се нарекува Елеонска и се...

Фељтон

News image

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА (16)

  Во третиот дел на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички в...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.