Среда, 20 Ноември 2013    Печати
Орбелски триод

Triodion_of_Orbel
Фрагмент од Орбелскиот триод

Орбелскиот триод претставува средномакедонски кирилски ракопис.

Потекнува од XIII век. Има 241+4 пергаментни листа. Ракописот е кирилски. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамиди и делови на уставот. Во ракописот се спомнуваат и имињата на Св. Кирил Филозоф и на Св. Методиј, како и имињата на преподобните пустиножители Јован Рилски, Јоаким Сарандапорски (Осоговски) и Прохор Пчински. Името го носи според дебарското село Орбеле (денес во Албанија) каде што е пронајден.

Има еден запис.

Потекнува од Охридската книжевна школа. Химнографскиот текст во Орбелскиот триод покажува жанровско единство со химнографските делови во минеите и во октоисите. Се чува во Санкт Петербург. (РНБ, F. n. I. 102, збирка на Вериковиќ (241 л.) + Вјз. F. 124/4 (2 л.), Вјз. F. 124/10 (2 л.)

Основни карактеристики на Орбелскиот триод - Eмилиja Црвенковска, Лилjana Mакариjoскa

„Balcanoslavica“ Centar za istražuvanje na staroslovenskata kultura 1997.

Тотоманова А.М. Правописните особености на Орбелски триод и фонетичната система на говора, отразен в него / А.М.<Тотоманова //Кирило-Методиевски студии. София,1991.Кн.8.