Среда, 08 Јануари 2014    Печати
Најлесно е човек да го осудиш

molitvaСекогаш слаб и збунет се движи во овој свет, трудејќи се да распознае што е добро, а што е зло.

А, ете уште полесно е човек да го пофалиш, да го израдуваш, да го помилуваш, а ние тоа ретко го правиме, бидејќи од мали сме научени да се храниме со помисли на осуда, клевета, дури и омраза.

Нашето тело е зависно од лоши помисли, бидејќи еден скриен дел од нас, потајно се радува кога го суди светот.
За среќа, и во голема Слава Божја, оваа наша слабост можеме со мало внимание да ја совладаме и да пуштиме извори од нежна Љубов да потечат во најдлабоките, скриени органи, во нашата потсвест.

Оваа Љубов е толку силна, што може и планини да преместува, и непријателски војски да уништува, бидејќи доаѓа од срцето, верува со срцето, мисли со срцето, чувствува со срцето и одеднаш целиот свет се преобразува во Љубов, а ти само ќе гледаш и ќе се чудиш и ќе го прославиш Господ, за целата добрина и милост која сите нас ни ја дарува.