Среда, 12 Февруари 2014    Печати
Заедничките обичаи помеѓу Македонците и романците поврзани за Велигден

veligdenНа земјата романска, плодородна и гостопримлива, каде може да живее било кој чесен човек богато и среќно, гостољубива преку своите жители, живееле низ текот на времето, покрај Романците, во најдобрососедски односи и други националности кои емигрирале напуштајки си ги родните места, и дошле на романска територија, барајќи еден подобар живот и со надеж за исполнување на националните и личните идеали.

Еден од факторите кој овозможува на романската територија да постои отсекогаш една потполна хармонија помеѓу романскиот народ и македонско малцинство, било и заедничката религија-ХРИСТИЈАНСТВОТО-кое ги придружувало и Романците и народите од југот на Дунав, од каде доаѓале повеќето од етничките малцинства.

Христијаните и едните и другите, живеејќи во една хармонија, Романците  и малцинствата било Македонци, Срби, Бугари или други, работеле заедно, ја бранеле земјата заедно од непријателот но и празнувале заедно, поврзани од едни заеднички обичаи, создадени од долгиот заеднички соживот.

Така се наоѓаат заеднички обичаи македонски и романски врзани за празнувањето на Велигден, едните специфични помалку или повеќе за сите народи од Балканот :

- Кога се оди во Црква, сабајлината на ден Велигден, секој си зема јајца и пари. Јајцето се остава во црква откако ќе се земе благослов, а пак парите се чуваат за да биде годината богата.

- За Велигден се чисти, пролетно чистење, кое треба да се заврши до ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, кога доаѓаат коледарите со Жоимарика едно замислено суштество кое ги казнува и исмејува девојчињата и жените кои не завршиле со расчистувањето до тогаш.

- По доаѓањето од Црква, откако ќе се земе благослов се поминува или се гази по зелена трава на влегувањето во домот.

- Неколку дена пред Велигден, децата одат на Црква да се исповедат и да им се дозволи да колат животни.

- Ако големи девојки за мажење закопаат црвено јајце на ден Велигден ќе бидат заштитени од зло.

- На ден Велигден на селското оро, секој треба да биде во нови алишта. Во постари времиња девојките се облекувале во рубата ткаена за време на зимата.

- Во некои места на ден Велигден не се чисти и не се фрла ѓубре.

- Некои жители на Кампие и Баилешти шетаат со кутија во која се наоѓа “свет дух”, една миризлива трава “свет дух”, користена како мирудија тогаш кога се јадат црвени јајца по кршењето.

- Кога се варат јајцата не треба да се дува во огнот и во водата да не се напукнат јајцата.  На велигден се простува на сите кои ни погрешиле намерно или ненамерно.

- Пред да се појде на црква да се земи благослов, секој се мие во еден сад во кој има ставено едно црвено јајце и една паричка, за цела година да биде со црвени образи и здрав.

Константин Кашлару

Превземено oд: „МАКЕДОНЕЦОТ“ Друштво на Македонците од Романија