|

Јас Виктор Генеа еден Македонец од југ декларирам дека ми беше украдена радоста која ја сокрив во гогозот исушен или пресно озеленет кој расте во таа сина бара од крајот на селото вистина е не беа мои ниту гогозот ниту барата во која ја сокрив јас декларирам дека ми беше украдена радоста која ја сокрив зад бескрајните колони на мојава душа но ми беше украдена од одзивот далечен на зелениот поглед кои еден ден ќе се распаднат и ќе паднат парчиња, парчиња до осамените ѕидови на една душа замината во војна јас непознатиот од југ декларирам дека чуварот на мојата среќа спие и сега пред водот за егзекуција затоа денес ноќва бев осуден на илјадници години сонување, а пак името мое беше напишано со букви од роса на крилото на една пеперутка патник за никој повеќе да не ме бара, јас Виктор Генеа декларирам дека постоев некогаш далеку од Македонија...
Виктор Генеа |