Среда, 10 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Прочка во Македонија

prockaПрочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

Во минатото во Скопје често на денот на празникот Прочка се практикувало фотографирање во ателје. Скопските обичаи од кои дел имаале христијанска основа, а дел од нив биле поврзани со паганските верувања, најчесто биле исти како и сите останати од Македонија. По фотографирањето, пресоблечените возрасни и деца оделе на плоштадот во градот и на главните улици Краљ Петар (денешна улица Македонија) и улицата Војвода Путник (кејот на реката Вардар) каде што изгледало како на пазар на разнобојни костими и тоалети. Празничната атмосфера се надополнувала со фрлање конфети, улични музичари со народни инструменти, игри и песна.

По Втората Светска Војна празникот во редуцирана форма се прославувал само во круговите на семејствата според сопствената иницијатива и убедување, а од 60-тите години до денес почнува селективно навраќање на стариот начин на прославување со собирање на плоштадот Македонија и на Скопското Кале.

Весник „Наша стара Србија“, 1927, Скопље

Пандора Шетловска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.