Среда, 12 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Црско (Мало и Големо)

Според едни во далечното минато двете села претставувале една единствена селска населба и се наоѓале во месноста Грмаѓе. Неговите жители за да ги избегнат честите грабежи и пљачки се повлекле подалеку од комуникацијата во долините на планините Влак и Осој, односно ги формирале сегашните две села.

Според други првобитно постоеле две селски населби. Едната се наоѓала горе, приближно каде што се наоѓа Големо Црско и се викала Горно Црско, а другата долу во месноста Грмаѓе и се викала Долно Црско. Под овие две имиња селата се заведени во Опширните (турски) пописни дефтери од 14 век.

Според трети во почетокот на 18 век кога бил погубен Али-паша Јанински, со голема царска војска тргнал Ајредин-паша за да ги скроти одметниците од централната турска власт. Беспоштедната битка помеѓу војските на Ајредин –паша и на Амзи – паша се одиграла во близината на Суво Поле. Војската на Амзи – паша била поразена, тој бил жив фатен, главата му била отсечена и испратена на султанот во Цариград. Во таа жестока битка било збришано едно село под Љубен. Се раскажува дека преживеаните негови жители ги обновиле сегашните две села кои претходно (од досега непознати причини) биле напуштени.

Како што изнесовме постојат повеќе преданија за настанокот на селото, но исто толку, ако не и повеќе постојат преданија за настанокот на неговото име.

- Според првото селата го добиле името по бројните церови дабје кои овде од дамнина растеле. Со текот на времето од основата на придавката Цер се зборообразувало името ЦЕРСКО, а подоцна со редукција на вокалот е, се добило Црско.

- Според второто, од дамнина овде постоела една централна населба кон која гравитирале сите села од Горни Демир Хисар, односно Горни Железник и сите тие овде во одреден ден на годината го носеле царскиот данок. Местото каде што се збирал царскиот данок се нарекло првобитно Царско, а со отпаѓање на вокалот а, за побрз изговор се добило сегашното име Црско.

- Според третото, селата своето име го добиле по името на родното село на двајцата браќа (од струшко-охридската област) кои биле принудени да го напуштат, бидејќи некој Турчин сакал да ја граби нивната сестра.

- Според четвртото селата го добиле своето име по божествено убавата девојка Цара која не сакала да си ја промени христијанската вера и да се омажи за некој турски бег, кој не избирал средства во остварувањето на својата замисла. По името на прекрасната девојка Цара која овде се доселила околните жители селото го нарекле Царско, а потоа на истиот начин како што беше споменато се добило дефинитивното име Црско.

Народни песни од с. Црско:

Се собрале комитите

Се собрале комитите
ќе ми одат Суво Поле.
Напред оди војводата
војводата Јордан Пиперка.
Ќе ми фаќат метеризи,
ќе го чекат Алил Паша
што ја грабил Руса Стојна,
Руса Стојна од Мало Црско.

Проговара војводата:
- Ај да слеземе долу Брезово,
да го венчаме Алил Паша,
за невеста остра сабја.

Ај кажи кажи…

Ај, кажи, кажи, мајска природо,
кажи народе денес што има?
Долу во полето в село Могила,
таму се бие Цветков војвода,
со неговата верна дружина.
Бие се бие и негова дружина,
и со него дедо Андреја.
Бие се, бие, со турска војска,
во Могила Цветков мртов падна,
заради братство и за слобода,
лежи спокоен славен јунак,
лежи спокоен Цветков војвода.

Според книгата „Црско (Мало и Големо) – Стварност и легенда“, од Стојко Б. Стојковски, Битола 1998 г.

Марко Китевски за МИА
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.