Среда, 09 Април 2014    Печати
Истражувања на неолитската населба Велушка тумба кај село Породин

 

Со поддршка на Министерството за култура, продолжуваат археолошките истражувања на неолитската населба Велушка тумба, с.Породин, Битола…

porodin

Во текот на досегашните истражувања на овој значаен археолошки локалитет од страна на стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола откриени се значајни наоди кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба. Пронајден е богат движен материјал како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници.

Според квалитетот на пронајдениот материјал овој археолошки локалитет претставува најзначајна Пелагониска неолитска населба.
Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

Заради значајните вредности кои ги поседува, неолитот во Пелагонија е дефиниран и како посебна Велушко-породинска културна група на раниот неолит во рамките на Балканско-анадолскиот културен комплекс.

porodin2

porodin3

Превземено од cooltura.mk