Среда, 23 Април 2014    Печати
Етногеографските граници на Македонците во 15. век

etnogeografski-ghranici-na-makedonija

Српскиот писател и хроничар Mapтин Сегон во 1480 г. ги опишува етногеографските граници на Македонците во 15. Век:
„ Македонците се народ сроден со Србите (…кои претпочитаат мирен начин на живот, за разлика од Власите планинци - див и борбен народ)… Рашка (Србија) на југ се протега до тромеѓето меѓу Дарданците, Трибалите и Македонците.

Скопје се наоѓа на границата меѓу Дарданија и Македонија, и низ градот тече реката Вардар…

Мостот на р. Струма во близина на планината Жеглигово [*1], долината кај с. Конопница и Велбужд (Ќустендил), ги дели Македонците од Трибалите или Бугарите. …Реката Дрим извира од езерото близу Охрид, градот на Македонците, и истата ги дели од дебраните (кои се нарекувани Дарданци)

. …Планинскиот масив Орбел [*2] ја одвојува Македонија од Епир, Тесалија, Волос, Акарнанија, Етолија, Беотија и Атос, а од другата страна ги дели Македонците и племето Беси од Трибалите, Скордисците и Траките, и завршува кај морето [*3]… Границата на Епиp е кај пл. Пинд [*4]

…Струма претставува граница меѓу Траките и Македонците.

…Грчките населби се наоѓаат во и околу Солунскиот Залив, јужно од Солун - славниот град на Македонците.“

Mapтин Сегон (од Котор, денешна Црна Гора) е католички бискуп на Улцин, што живеел во 15. век.

Тој во 1480 г. напишал извештај за состојбите на Балканот (завладеан од Турците), и во него воглавно се говори за географијата и патиштата, но, меѓу другото, ги опишува и народите на полуостровот.

БЕЛЕШКИ:


[*1] Се мисли на Осоговските Планини, Жеглигово во средниот век бил нарекуван кyмановско-кривопаланечкиот крај ;

[*2] Тука авторот ја има предвид планинската верига Динариди, на запад и на југ од Македонија (oд Скопска Црна Гора и Бистра до Олимп, а на север се протега, покрај Далматинското крајбрежје, сè до Јулиските Алпи), на којашто ги надоврзува Осоговските Пл. и Пирин, на североисток и исток во Македонија ;

[*3] Eгејското Море ;

[*4] Границата на Епир со Македонија и Тесалија.

Извор:

A. Petrusi, Martino Segono di Novo Brdo, vescovo di Dulcigno, un umanista serbo-dalmata di tardo Quatrocento, Roma 1981.

http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm

Macedonia : a True Endless Story ...