Среда, 10 Март 2021    Печати
Ичко Димитров

1icko Ичко Димитров

Христо (Ичко) Димитров (1880 – 14. IX 1920) е македонски револуционер, началник на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација. Познат како Ѓупчето, Ѓупчев или Пајачкиот лав, прво бил четник во четата на Апостол Петков, а од 1902 година е помошник- војвода на Иванчо Карасулијата. Од 1907 година станува самостоен војвода во Гуменџенско. По убиството на Апостол Петков, тој го презел раководството на Солунскиот револуционен округ. Учествувал во Балканските војни и Првата Светска Војна. По крајот на Првата Светска Војна за време на 1919 година заминал како војвода во Гевгелиската околина, каде веќе е изградена широка револуционерна мрежа на вознобената ВМРО.

Ичко Димитров е роден во 1880 година во земјоделско семејство во Гуменџиското село Баровица, Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на основното образование. завршил трети прогимназиски клас во Гуменџе.

Во 1896 станал член на Македонската револуционерна организација, а потоа заминал во четата на Апостол Петков.  Веќе од 1902 година бил помошник војвода на Иванчо Карасулиата. Ичко бил ранет во битката на 21 март 1905 година кај Лесково, во која загинал војводата Иванчо. Потоа Ичко се повлекол во Бугарија на лекување, а од 1907 година станал самостоен војвода во регионот Гуменџенско. На 15 април истата година, тој се судрил со турскиот аскер во Пајак планина, при што бил ранет во ногата и лицето и заминал на лекување во Бугарија.

По Младотурската револуција во јули 1908 година, откако Македонската организација почнала постепено да се легализира и Ичко станал легален. Во април 1909 година, заедно со уште 1200 Македонци предводени од Јане Сандански, учествувал на младотурскиот поход кон Цариград, по што управувал со хотелот „Балкан“ во Солун.

Меѓутоа, по почетокот на Акцијата за разоружување на Младотурците во 1910 година, Ичко Димитриев бил принуден да избега во Бугарија, од каде заедно со војводите Христо Чернопеев, Апостол Петков и В’ндо Ѓошев, повторно влегол во Македонија. Тој со мал одред оперирал во гевгелискиот регион. Апостол Петков бил назначен за централен војвода, но по атентатот на 2 август 1911 година Ичко Димитров го презел раководството на Солунскиот револуционерен округ. Со доаѓањето на зимата кон крајот на 1911 година, Ичко пак се повлекол во Бугарија .

Во мај 1912 година Ичко Димитров пристигнал во Кожув, на чело на одредот од 25 лица, со полномошно од Тодор Лазаров. На 23 јули 1912 година, неговиот одред се судрил со андартската чета на гркоманскиот капетан Христо Капитанчето, кој бил убиен во битка. Потоа тој влегол во преговори со селските водачи, кои ја признале организацијата и го избрале Дако Фармакев за локален водач со помошникот Мино Парјолов. Потоа се вклучил во четата на В’ндо Ѓошев и го консолидирал статусот на организацијата во планината Пајак.

На 19 септември 1912 година, четата влегла во селото Крива, но била предадена. Наскоро пристигнал турскиот аскер и започнала тешка битка. По артилериско гранатирање, селото било делумно запалено и многу цивили биле убиени, по што одредот се повлекол во Корнишор на 20 септември. На патот кон Гевгелија, тој се борел против турската војска во близина на врвот Бајраците  Ичко Димитров на Кожув влегол во конфликт со четата на Коста Попето и неговиот секретар Ангел Динев, кои го обвиниле Ичко дека е врховист.

Со помош на Алберт Сониксен, претставник на Македонската револуционерна организација во САД, Димитров се обидел да го подобри вооружувањето на четите со новооткриените митралези во тоа време.

На почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, како началник на Солунскиот револуционерен округ, учествувал во организацијата на одделните области, во мобилизацијата на чети и локалната милиција, кои ги поддржувале акциите на Седмата пешадиска рилска дивизија при ослободувањето на областа од Гевгелија до Солун. Ичко Димитров добил офицерски чин во Бугарската армија и служел како војвода на Првата одделна партизанска чета. Учествувал во ослободувањето на Гуменџе, по што голем број доброволци  се приклучија во редовите на македонско-одринските доброволни чети. На 18 октомври тој го нападнал железничкиот мост кај селото Удово со цел да го крене во воздух, но наишол на српски војници кои биле веќе пристигнати таму. На 19-20 октомври тој влегол Гевгалија од каде веќе била евакуирана турската војска и администрација. Подоцна Ичко служел во Првата чета на Четиринаесеттата воденска дружина и во Збирната партизанска чета. Тој бил одликуван со Орден на храброст IV степен.

На почетокот на Втората балканска војна, тој ги нападнал Србите во Моин, а потоа напредувал кон Гуменџе. При повлекувањето на бугарските трупи тој преминал на левиот брег на Вардар, каде во битка  биле убиени неговите четници Тома Дураков од Ениџе Вардар, Ичко Караџов и Тано Танчев од Гумеџе.

За време на Првата светска војна бил командант на извиднички одред на бугарската армија во Пајак планина. Учествувал и во задушувањето на Востанието на Топлица во 1917 година како командант на планински вод. По завршувањето на војната во 1919 година, Ичко Димитров бил првиот кој заминал како војвода за гевгелискиот округ, каде што била изградена широка револуционерна мрежа на оживеаната ВМРО. Тешко ранет во битка со српската војска на 14 септември 1920 година, преминувајќи го Вардар кај селото Удово, тој извршил самоубиство.

Српските власти усеале да дојдат до големата архива на војводата Ичко. Во дневникот кој го водел секој ден, како пто пишува белградска „Политика“ (02.01.1921 г., стр. 1), тој навел дека „меѓудругото, за време на агитацијата за Конституанта (Уставотворно собрание) го терал светот прво да гласа за комунистите за потоа да се формира револуционерна организациоја која ќе бара автономија за Македонија.“