|
||
| Костадин Бојаџиев |
|
Костадин Бојаџиев (21.V 1880 – 19.IV 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Во текот на 1902 година влегол во четата на Тома Давидов. Учествувал во Илинденското востание и во Балканските војни како драмски војвода. Во сите војни бил ранет 7 пати. Костадин (Константин) Николов Бојаџиев е роден на 21 мај 1880 година во разлошкото село Бања, во семејството на Никола и Јана Бојаџиеви. Се школувал во егзархиската гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун, која ја завршил околу 1900 година. Влегол во Македонската револуционерна организација и од 1902 година бил во четата на Тома Давидов. На почетокот на 1903 година бил во четата на Борис Сарафов. За време на Илинденското востание бил со Даме Груев и дејствувал заедно со него. Тој останал со него по востанието и учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа. Од 1904 година до младотурската револуција во 1908 година, тој бил војвода на чета. Во 1909 година убил Турчин во Бања и повторно станал илегален. На почетокот на Балканската војна во 1912 година, Бојаџиев станал војвода на чета на Македонско-одринското ополчение, која дејствувала во Драмско. По започнувањето на воените дејствија, Бојаџиев со својата чета минувал низ Разлог и во Горно Драглиште се сретнал со војводите Георги Занков, Михаил Чаков и Стефан Чавдаров. Потоа се упатил кон Пирин, од каде што вршел субверзивни дејствија во заднината на турските сили. На 5 октомври 1912 година четата на Бојаџиев учествувал во ослободувањето на Банско заедно со други партизански одреди. На 7 октомври четата на Бојаџиев и четата на Чаков (160 души) се бореле со 3.800 војници при што имале загуби од само 4 убиени и 2 ранети. Потоа, четата на Бојаџиев се борела пред селото Бања и го одбила нападот на војската што се повлекувала од Мехомија (Разлог) кон Неврокоп. На 9 октомври, заедно со единиците на 27 пешадиски чепински полк, учествувал во нападот на Мехомија. По повредата на левата нога Бојаџиев бил назначен за началник на милицијата во Мехомијско. Бојаџиев учествувал и во Втората балканска војна и во Првата светска војна. Во сите војни бил ранет 7 пати. По Првата светска војна бил началник на Првата полициска станица во Софија. По државниот удар на 9 јуни 1923 година бил заточен во Делиорман бидејќи не им го предал участокот на пучистите. Потоа останал невработен до крајпт на животот. Починал на 19 април 1938 година во Софија.
|