Среда, 26 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Максим Ненов

121093 

Максим Ненов (13.VIII 1870 – 29. V 1903) е македонски револуционер и зограф, војвода на  Македонската револуционерна организација. Познат е како Максим Зографот, но и како Максим Војвода. Во пролетта 1903 година, заминал за Бугарија да собере и комплетира една поголема чета од емигрантите  родум од Галичко и Дебарско. Меѓутоа, на враќање неговиот одред бил опколен од Турци и загинал во битка која се водела на врвот Чавките на планината Голак. Максим војводата е опеан во неколку народни песни од Илинденскиот период.

Максим Ненов е роден во 1870 година во Тресонче. Основно образование завршил во родното село и станал ученик на Дичо Зограф. Откако го научил занаетот, заминал на печалба во Бугарија и се населил во Стара Загора, каде што бил баран зограф, ѕидар, иконописец и калиграф.

Во Бугарија се поврзал со револуционерната емиграција од Македонија, а во 1899 година влегол во Македонската револуционерна организација.

Во 1902 година тој се откажал од својата професија, ја фрлил четката и ја грабнал манлихерата за да одговори на повикот на својот роден крај. Во истата година, влегол во четата на Јанаки (Наки) Јанев – реонски војвода на Галичко-реканската околија.

Во текот на месец август 1902 година, Кичевско-дебарскиот војвода Јанаки Јанев и помошните војводи Максим Ненов и Павле Караасан, секретарот на четата Георги Савов со четниците пристигнале во Галичник. Во рамките на подготовките на народот за востание, војводите ги повикале сите првенци во Галичник кои во тоа време се затекнале и им ги презентирале подетално задачите и целите на ВМРО. Сите изјавиле дека сакаат да станат членови на Организацијата, и колку што им дозволува силата да работат и да се борат под нејзино знаме.

Во пролетта 1903 година, Галичко-реканскиот револуционерен комитет со согласност на војводата Јанаки Јанев, донеле одлука да се испрати помошник војводата Максим Ненов во Софија, од каде тој требало да набави оружје и да собере и комплетира една поголема чета од емигрантите  родум од Галичко и Дебарско.

„За да ја изврши одлуката, пом. Војвода Максим Ненов, родум од Тресонче, по занимање иконописец, кој со радост ја прифатил задачата, си ја избричил брадата, си облекол цивилна облека и со потребните средства кои ги добил од Галичко-реканскиот комитет, со цивилни кираџии тргнал преку Скопје, Куманово, Паланка за Софија. Максим Ненов доблесно го исполнил својот долг. Тој пристигнал во Софија, каде материјално помогнат од целата Дебарска и Галичко – реканска колонија во Софија, организирал своја чета од 40-мина емигранти и тргнал за својот роден крај“  - пишува македонскиот револуционер Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941).

Во мај 1903 година Максим Ненов организирал чета во Софија од 53 Македонци од Дебарско и заминал во родниот крај. Меѓутоа, на 29 мај, неговиот одред бил опколен од Турци на врвот Чавките на планината Голак. Во битката загинал Максим Ненов заедно со неговиот подвојвода Димитар Стефанов Домазетов од селото Јабланица и уште 16 четници. Останатите преживеани од четата, под раководство на Димитар Арсов, стигнале во областа и учествувале во Илинденското востание.

Максим војводата е опеан како македонски херој во неколку народни песни од Илинденскиот период.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.