Среда, 06 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Јордан Шурков

1ege2888890001

Јордан Шурков (1878 – 27. X 1929) е македонски револуционер, драматург и новинар, учесник во македонското ослободително движење. Уште како ученик во Пловдив се вклучува во активностите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Подоцна станал дел од анархистичката група гемиџии, а потоа бил дел од левото крило на Македонската револуционерна организација, поддржувајќи ги Санданистите. Учествувал во активностите на Народната федеративна партија - партијата на Јане Сандански.

Јордан Шурков е роден во 1878 година во Велес. Своето образование го продолжил во Пловдив, Бугарија, каде како ученик се вклучил во активностите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Подоцна заминал да учи во машката гимназија во Солун, каде проповедал социјалистички идеи меѓу соучениците. Како претседател на пловдивскиот анархистички кружок тој во Солун се сретнал со познати од пловдискиот кружок Петар Манџуков и Светослав Слави Мерџанов со кого учествувал во формирањето на анархистичката група гемиџии, а подоцна влегол и во Македонската револуционерна организација.

Отворил книжарница во Велес и се занимавал со издаваштво и пишување. Во летото 1903 година, група револуционери од Велешката околија, во која Јордан Шурков имал водечка улога, планирале да извршат атентат врз српскиот крал Александар Обреновиќ, кого го сметале за главен виновник за српската пропаганда во регионот. Но планот не успеал поради убиството на кралот од страна на српски офицери приврзаници на Петар Караѓорѓевиќ.

Јордан Шурков потоа емигрирал во Русија, каде што учествувал во Јануарската револуција во 1905 година (јануар 1905 – јуни 1907). Потоа заминал за Бугарија каде се приклучил на левото крило на Македонската револуционерна организација, поддржувајќи ги Санданистите. Пишува текстови за весникот „Камбана“ (1907 - 1935), кој е близок на Санданистите.

По Младотурската револуција во 1908 година, се вратил во Отоманската империја и учествувал во активностите на Народната федеративна партија. Шурков заедно со Ф.Бајрактаров бил делегат од Скопје на основачкиот конгрес на партијата одржан во август 1909 година во Солун. Со учество во дискусиите, покрај Јане Сандански, Димитар Влахов, Ангел Томов, Добри Даскалов и Димитар Коштанов се истакнал и Јордан Шурков. На конгресот Шурков бил избран за член на партискиот совет.  Најпрвин бил активен во Одринско, а потоа се преселил во Македонија.

Во враќањето, Шурков учествува во Комитетот за јавна безбедност во Велес, кој ги предводел цивилните и воените власти во регионот. По избувнувањето на Првата светска војна, тој се приклучил на Комитетот на дезертери, кој е формиран во 1914 година со цел да го кординира трансферот на оние Македонци кои дезертирале од српската армија.

По Првата светска војна, Шурков кој се повлекол во Бугарија бил истакната личност во тамошната македонска емиграција. Бил претставник на велешкото братство на Основачкото собрание на Сојузот на македонските иселенички организации, одржано во Софија од 22 до 25 ноември 1918 година.

Во 1919 година го издавал весникот „Македонска солза“ во Горна Џумаја. Во 1921 година, Шурков се населил да живее со семејството во Петрич, каде што активно учествувал во општествениот и културниот живот на градот. Учествувал како делегат од Петричкото македонско братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации од јануари 1923 година. За време на инцидентот во Петрич во октомври 1925 година, кога грчката армија навлезе во Пиринскиот дел на Македонија, тој успешно го организирал снбдувањето со прехранбени продукти на борците од првата линија.

Јордан Шурков се јавува како драматург и напишал голем број драми. Автор е на следните дела: „Остварен сон“  („Постигнат блян“, 1926) – драма, „До бунт“ („Към бунт“) – драма, „Одмазда“ („Отмъщение“) – драма, „Неразумна шега“ – трагедија.

Јордан Шурков починал на 27 октомври 1929 година во Софија.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни ...

Историја

News image

Христијанската црква во Македонија до појавата на светите Кирил и Методиј

Христијанството во Македонија почнало да се проповеда уште во апостолско време. По своето обраќање в...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ЏОРЏ (ГЕОРГИ) ТОМОВ (34)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

За празниците во Велес

Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. За праз...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.