Среда, 04 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Манчу Матак

1klu4

Манчу Матак (1920  - 25. V 1944), е македонски комунистички деец од влашко потекло, учесник во Априлската војна (1941) и Народноослободителната војна (1941 - 1945). Загинал при напад на бункер на германските сили. Бил прогласен за народен херој на Југославија.

Манчу Матак е роден во 1920 година во Крушево, во занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште го научил кројачкиот занает. Покрај тоа што бил активен во фудбалскиот тим на неговиот град, тој бил и член на нелегална левичарска младинска организација. Во 1938 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија.

Во 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во југословенската кралска армија Белград и за време на Априлската војна во 1941 година паднал во германско заробеништво. Во Крушево се вратил на почетокот на јуни истата година. По враќањето станал член на Месниот комитет на КПЈ за Крушево, бил задолжен за партиска техника и почнал да работи на подготовките за вооружена борба против окупаторот.

Во почетокот на 1942 година, Манчу Матак бил уапсен под сомнение дека дистрибуирал нелегални летоци за време на штрајкот на тутунските работници. Прво бил затворен во Крушево, а потоа бил префрлен во Битола, каде што бил мачен и испрашуван. Откако полицијата не успеала да извлечи податоци за отпорот, тој бил префрлен во Скопје, каде исто така ништо не кажал, па во јуни бил пуштен од затвор. Набргу потоа заминал во партизанскиот одред „Пита Гули“, каде станал секретар на партиската ќелија и заменик политички комесар.

Во април 1943 година, Манчу Матак се вклучил во партизанскиот одред „Кораб“. Наскоро, заедно со дваесет борци од одредот, тој бил заробен од балистите. Првично бил држен во затвор во Тетово, а потоа префрлен во Тирана. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, Манчу бил ослободен и повторно се приклучил на ослободителното движење. Тој станал командант на прилепската чета на баталјонот „Мирче Ацев“ на Првата македонско-косовска бригада. Со овој баталјон учествувал во второто ослободување на Кичево, во одбраната на слободната територија во Дебарца и во борбите кај Караџово, Тушин и Фуштани.

Манчо со својот баталјон се приклучил на Втората македонска бригада, која била формирана на 20 декември 1943 година. Во 1944 година со бригадата учествува во битката кај Мрежичко и при преминувањето на Црна Река. На 25 мај 1944 година била донесена одлука да се уништат четири германски бункери кои го штителе рудникот во селото Витолиште. Манчу имал задача да го нападне најистакнатиот дел со својата чета и да ја премине чистината до рудникот. Бункерите на крајот биле уништени, а рудникот бил онеспособен за понатамошна експлоатација. Но, за време на вториот напад, Манчу бил смртно застрелан од митралез.

Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНРЈ, на 20 декември 1951 година Манчу Матак е прогласен за народен херој.

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

Традиционална средба на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Манастиро Пеленица во Драчево

  МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „ПЕЛЕНИЦА“ ВО ДРАЧЕВО ДЕСТ ГОДИНИ ПО РЕД ШИРОКО ГИ ОТВОРИ П...

Историја

News image

Дали светите браќа Кирил и Методиј биле потомци на античките македонци?

Во овој текст ќе спомнеме неколку размислувања во врска со етничкото потекло на светите браќа Кирил ...

Иселеници

News image

АКТИВНОСТИТЕ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ВО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Свети рамноапостолни Кирил и Методиј Солунски 24/11 мај

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни...

Фељтон

News image

ФОТО ТОМЕВ – ПОЗНАТ ЛИКОВЕН УМЕТНИК ВО КАНАДА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.