Среда, 26 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Тодор Камчев

frl4

Тодор Камчев (1880 – 10. V 1961) е учител, македонски револуционер и тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Камчев бил меѓу водачите на Тиквешкото востание и е еден од ретките македонски војводи и револуционери, кој целиот свој живот му го посветил на македонското дело.

Тодор Камчев е роден во 1880 година во Неготино, во сиромашно семејство. Татко му Камче бил мал земјоделец. Основно образование Тодор завршил во училиштето при соборниот храм „Свети Атанасиј“, а потоа продолжил во Штипската егзархиска гимназија. Таму бил регрутиран за член на Внатрешната македонска организација од учителот Трајчо Калајџиев,. Меѓу активности што ги вршел биле преносот на оружје и кореспонденцијата. По завршувањето на Штипската гимназија, бил примен да учи во Солунската машка гимназија, но поради финансиски тешкотии одбил. Почнал да учителствува во селата Барово (1898-1899) и Клиново (1899-1900), каде работел и на ширење на Организацијата.

Во 1901 година станал секретар на училишниот одбор во родниот град. Добри Даскалов го поставил Т. Камчев за војвода на месната чета, која имала за задача да ги помага македонските чети при поминување на реката Вардар. Со него, бил остранет капетанот (Усо Тимјанички) и предавникот Иљо Џунов, поради што турските власти започнале апсења во градот.

Во пролетта 1902 година пристигнала четата на Петар Јуруков која била помогната од четата на Т. Камчев. На почетокот на 1903 година, ја префрлил четата на Борис Сарафов во Битолско, која со себе носела 25 товари оружје. Во меѓувреме собирал средства за четата во Тиквешко.

Во пролетта 1905 година станал член на Тиквешкиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година ја избркал врховистичката чета на Тодор Оровчанов од Тиквешко. Со помош на рускиот офицер Николај Сурин, кој имал влијание врз Хилми-паша, го неутрализирал и растечкиот турски комитет во областа, кој вршел убиства на членовите на МРО.

По Младотурската револуција учествувал на митинг заедно со Енвер бег, а во 1909 година учествувал во основањето на Народна федеративна партија во Неготино.

По Балканските војни (1912 - 1913), Македонија е поделена, а турското било заменето со ново уште понеподносливо братско ропство. Според Мајски, Т. Камчев за делбата на Македонија ќе каже: „.. Тоа што правителствата на соседните балкански држави и го сторија на Македонија е историја, што ce знае и која Македонија за век и векови нема да ja заборави, зошто во случајот браќата ja ослободија од турско ропство и и наглавија братски јарем, откако претходно си ja поделија и ce погрижија да го денационализираат населението и да ja обезличат... Да го избришат од картата името МАКЕДОНИЈА, кое со векови не успеале да го избришат и кога денешна Македонија половина век води епски борби за своето ослободување и преку ИЛИНДЕН И КРУШЕВО го посочи спасителниот пат на своите БАЛКАНСКИ БРАЌА—НЕБРАКА за разумен политички, културен и стопански живот... Дали си прават сметка пре- стапниците, кои го бришат името на Македонија и го отфрлаат празнувањето на Илинден, оправдувајќи ce, дека тоа бил христијански празник и дека неговото дело било БУРЖОАСКО? Дали разбираат тие безумници каква тешка историска одговорносг им тежи на грбот и на нивната совест? Или тоа ce луѓе без совест и без национална гордост и сознание?“.

„Неговиот слоган гласеше: МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ. МАКЕДОНИЈА НЕ Е СРПСКА, НИТУ БУГАРСКА, НИТУ ГРЧКА.“

По новата окупација на Македонија, Тиквеш останал под српска власт. Кога во средината на јуни 1913 година избувнало Тиквешкото востание (15. 06 – 25.06.1913), Тодор Камчев бил назначен за член на Главниот штаб. Востаниците немале поддршка и востанието било задушено набргу по неговото избувнување. По задушувањето на востанието, Т, Камчев се повлекол во Бугарија. Но набргу потоа бил амнестиран и се вратил во Кавадарци.

По завршувањето на Првата светска војна со целото семејство се преселил во Бугарија. По 1920 година бил службеник во Македонската народна банка во Софија. На 25 февруари 1927 година го иницира создавањето на Тиквешкото македонско добротворно братство.Во септември 1934 година, како претставник на Тиквешкото македонско братство, потпишал протестен протокол против Деветнаесетти мајски пуч.

Починал на 10 мај 1963 година во Софија.

(Извор:https://www.zirm.mk/wp-content/uploads/2022/02/IST-1985.2.11-Stoichkovski-B.-Revolucionernata-i-ucitelskata-dejnost-na-Todor-Kamchev.pdf)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготил: Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.