Среда, 31 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Георги Мончев

3 copy copy

Георги Мончев (1883 – 25. VIII 1913) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев или Дамјан Груев. Бил учесник во Првата и Втората балканска војна.

Георги Василев Мончев е роден во 1883 година во Прилеп. Тој е син на Васил Мончев и брат на Борис Мончев и Петар Мончев. Како дете со семејството се преселил во Солун. Во 1902 година ја завршил Солунската машка гимназија, каде што станал член на Македонската револуционерна организација.

За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев. Македонскиот револуционер Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) пишува: „Манастирот „Св. Петар“ е нем сведок на настанитие околу него за време на Смилевскиот конгрес 1903 година, а „ако може да зборува, ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша...“.

По востанието Георги Мончев бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година, за време на Солунската афера, кога во рацете на властите случајно паднал дневникот на учителот Андреј Мацан, тој бил принуден да замине во Бугарија.

Од 1906 до 1908 година Георги Мончев бил четник на Александар Китанов и Гоце Меѓуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција во 1908 година, станал активист на Сојузот на бугарските конституциони клубови.

Во 1911 година бил четник во Кукушката чета. Во 1912 година бил уапсен и осуден на егзил. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Мончев раководел со партизанската чета бр. 27 од 10 четници на Македонско-едринското ополчение, која дејствувала во Кукушко и Солунско. Потоа служел во Втората чета на Петнаесеттиот штипска дружина, а за време на Втората балканска војна - во Здружената партизанска чета на МОО.

За време на Првата балканска војна, одред од 300 Македонци предводен од Сандански заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегле во Солун. Истовремено, влегле и грчки трупи предводени од престолонаследникот Константин, а потоа влегла главнината на бугарската војска. Со главнината на бугарската армија, покрај командата на 7. Рилска дивизија пристигнале и кнезовите Борис и Кирил. Во нивното обезбедување, покрај бугарската војска, учествувале четите на Тодор Александров, Михаил Думбалаков, Георги Мончев, Дончо Златков и четници на Јане Сандански.

Георги Мончев бил ранет за време на одбраната на Кукуш на 26 јуни 1913 година, а по неуспешен обид да се самоубие, паднал во бесознание. Тој бил заробен пд Грците и однесен во болница каде бил отруен.

Георги Мончев починал од раните во Солун на 25 август (6 септември).

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.