Среда, 13 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Лазар Делев

Delev

Лазар Делев (1875 - 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како Оревски. Учествувал во Илинденското востание борејќи се во Горноџумајско. Од 1905 година е самостоен гевгелиски војвода и се борел против четите на грчката пропаганда. Со избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој станал командант на партизанската чета на Македонско-одринското ополчение.

Лазар Делев е роден во 1875 година во сиромашно семејство во бојмишкото село Ореховица, за време на Османската империја. Бил самоук. Се населил во Солун, каде работел како работник во депото на железничката станица во Солун. Станал член на Македонската револуционерна организација и извршувал терористички и курирски задачи.

Во мај 1898 година, по убиството Христо Цицов, водач на гркоманската партија во Гевгелија, Делев бил уапсен иако немал никаков удел. Во Гевгелискиот затвор останал до ноември, по што бил затворен во Еди Куле во Солун до 10 август 1899 година, кога судот го прогласил за невин и покрај притисокот од Солунскиот грчки конзул и Солунската митрополија да го осудат.

По излегувањето од затвор, Делев се приклучил на четата на локалниот војвода Иванчо Карасулијата и учествувал во Илинденското востание борејќи се во Горноџумајско.

Од 1905 година е самостоен гевгелиски војвода, а заедно со другиот локален војвода Аргир Манасиев се борел против четите на грчката вооружена пропаганда.

Со избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој станал командант на партизанската чета бр.44 на Македонско-одринското ополчение, која броела 25 лица. Тој напредувал по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Учествувал во борбите кај Осеново, Сенокос и други, а подоцна бил во Здружената партизанска чета на МОО.

Лазар Делев починал во 1938 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил:Т.К.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.