Среда, 27 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Трајко Стојковски

Trajko

Трајко Стојковски – Бузо (10. I 1923 - 14. X 2005) е македонски комунистички деец, воен командант, народен херој и општественик. Активно учествувал во подготовките на НОБ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот НОПО. Посебно се истакнал во борбата на Дренак против четничките сили. При формирањето на Третата македонска НОУБ бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада. Има значаен придонес во Ослободувањето на Скопје.

Трајко Стојковски е роден на 10 јануари 1923 година во Куманово, во семејство на сиромашен работник. По завршувањето на основното училиште, работел како слуга и хонорарно на разни работи. На многу млада возраст се приклучил на револуционерното работничко движење.

По капитулацијата на Кралството Југославија, бил активен во младинска група која успеала да дојде до пушки и кои ги чувала за кревање востание. Поради оваа акција, во 1941 година бил примен во Сојузот на комунистичка младина на Југославија (СКОЈ). До 1943 година работел меѓу младите. Но, бил следен од Бугарската полиција која му влегла во траг и морал да го напушти градот.

Во јуни 1943 година влегол во Кумановскиот партизански одред, каде станал пушкомиталезец. Во декември 1943 година се истакнал во борбите против четниците на Драже Михаиловиќ на Дренак. Одредот бил опколен, но Трајко со митралезот успеал да оневозможи голем број непријатели, што овозможило да се пробие обрачот. После тоа, пред формацијата Трајко бил пофален за подвигот од командантот на одредот Христијан Тодоровски Карпош.

Бидејќи се истакнал и во битките кај Лисец, му била доверена командата на чета. При формирањето на Третата македонска НОУБ бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада. Имал значаен придонес во Ослободувањето на Скопје, ги спречил Германците да ги срушат мостови на Вардар.

По завршувањето на војната, ја завршил Воената школа при Врховниот штаб. До 1951 година извршувал различни функции во ЈНА. Потоа работел во Државниот секретаријат за внатрешни работи, а во 1959 година заминал во пензија.

Трајко Стојковски починал на 14 октомври 2005 година во Скопје.

Носилац е партизанска споменица 1941. и повеќе југословенски одликувања. Одликуван е со Орден народен херој на 20 декември 1951 година.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.