|
||||
Јулиј Розентал |
Јулиј Розентал (1872 - 12. IX 1903) е поет и револуционер, член на Македонската револуционарна организација. Околу 1882 година, неговите родители се преселени во Бугарија. За време на Илинденските настани во 1903 година учествувал како востаник и загинал во борбите во четата на велешкиот војвода Никола Дечев. Автор е на стихозбирката „Недопеани песни“, објавена една година по неговата смрт. Јулиј Цезар Розентал е роден на 14 јуни 1872 година во рускиот град Иркутск, во семејството на полскиот анархист др. Аугуст фон Розентал, кој поради побуната во Малорусија бил протеран во Сибир. Во 1880 година, семејството Розентал ја напуштило Русија и околу 1882 година се преселило во Бугарија, првично во Источна Румелија. Јулиј започнал да учи во Габровската гимназија, но бил избркан заедно со неговиот брат Август Розентал поради „пропаганда на социјализмот меѓу соучениците“. Подоцна предавал во училиштата во Велико Трново и Нова Загора. Потоа се пријавил да студира право на Универзитетот во Софија. Но, во исто време, под влијание на Пејо Јаворов, тој станал член на Македонската револуционерна организација. Во август 1902 година илегално влегол во Македонија и два месеци спроведувал обука за работа со експлозивни материјали на четниците на Организација. Заедно со Александар Соколов служел во четата на велешкиот војвода Никола Дечев и бил избран за секретар и командир на „техничкото одделение“. Во 1903 година со четата заминал во Македонија, за да учествува во Илинденското востание. Загинал во битка кај кратовското село Луково на 12/25 септември 1903 година. Четата била опкружена со редовна војска и башибозук. Розентал водел група бомбаши, но бил тешко ранет во ногата. При обидот за повлекување на преживеаните четници, тој решил да остане на својата позиција за да ги заштити. Розентал го превел на бугарски јазик романот „Со оган и меч“ од Хенрик Шенкевич. Исто така, тој е автор на стихозбирката „Недопети песни“, која е објавена постхумно во 1904 година од Антон Страшимиров. Подготвил: Т.К. |