|
||||
Георги Бодлев |
Георги Бодлев (1813 –1882) е македонски учител и културен деец. Имал особен интерес кон културното минато на Македонија и на македонскиот народ. Располагал со голема библиотека со книги и ракописи со историско значење. Во неговата библиотека биле пронајдени пергаменти од „Житието на Св. Климент“. Автор е на преписот на дел од познатиот „Кодекс на Охридската митрополија“. Георги Бодлев е роден во Охрид во 1813 година. По професија бил кројач. Околу 1855 - 1856 година работел како учител во родниот град. Бодлев имал особен интерес за историското и културно минатото на својата родна земја и собирал ракописи и книги со историско значење, вклучувајќи и пергаменти од Животот на Климент. Тој бил високо самообразовен чиовек и имал голема библиотека со грчки и латински книги, грчки и славјански пергаменти од голем научен интерес. Во 1845 година, Бодлев му бил соработник на професорот на Казанскиот универзитет Виктор Григорович за време на престојот во Охрид. Во неговата библиотека биле пронајдени пергаменти од „Житието на Св. Климент“. Бодлев е автор на преписот на дел од познатиот „Кодекс на Охридската митрополија“. Спред едни во 1872 година, а според други во 1882 година, Бодлев ја отворил во својата кројачка работилница првата читална во Охрид „Свети Климент“, каде на охриѓани им ја подарил својата огромна домашна библиотека со книги за различни општествени, научни, културни и верски прашања. Читалната ја открил Григор Прличев. Георги Бодлев починал во 1882 година. подготвил Т.К. |