|
||||
Рампо Левков - Левката |
Рампо Левков (9. I 1909 – 19. IX 1942) е македонски комунист, револуционер и народен херој. По бугарската окупација во 1941 година му била понудена висока служба, но ја одбил и отворил адвокатската канцеларија која станала сврталиште на патриотските и интелектуалните сили во градот. Кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни - поеми од времето на НОБМ „Бабуна“. Поради неговата активност бил уапсен од бугарската полиција (14. IX 1942) и по петдневни мачења бил фрлен во варница. Рампо Левков е роден на 9 јануари 1909 година во Прилеп. Основно училиште и гимназија завршил во родното место, по што се запишал на Правниот факултет во Белград. Во исто време, тој бил политички активен во Прилеп, каде што полицијата го уапсила поради неговите левичарски идеи. По дипломирањето во 1933 година, работел како правник и деец на Партиската организација во Прилеп. По бугарската окупација во 1941 година, властите му понудиле високи владини функции, но тој одбил да соработува со окупаторот. Како член на КПЈ ја прифатил директивата на Партијата за отворање адвокатска канцеларија за подобар контакт со селаните и собирање антифашисти и патриоти. Правосудниот испит го положи за кратко време. Во рамките на пречекот на новата 1942 година, организиран од Комисијата за агитпроп на КП, кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни - поеми од времето на НОБМ „Бабуна“, којашто била објавена во мај 1942 година во партискиот билтен „Народен глас“ . Полицијата знаела дека Рампо Левков работи за Народноослободителното движење, но поради авторитетот што го уживал меѓу народот и желбата да фатат што повеќе луѓе во контакт со него, претпазливо се однесувале со него. Кога на 14 септември 1942 година бугарската окупаторска војска успеала да убие дел од борците од партизанскиот одред „Димитар Влахов“, бугарските офицери го извадиле од неговата канцеларија и го однеле во касарната. Таму биле донесени уште стотина активисти од Прилеп и село Дабница. Рампо беше подложен на тортура за да признае дека е активист на НОП. По четири дена мачење, на 19 септември, војниците го фрлиле полумртов во јама со жива вар, каде што на крајот починал. Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНР Југославија на 5 јули 1951 година е прогласен за народен херој. Подготвил Т.К. |