|
||||
Илија Трчков |
Илија Трчков (1884 – 16. IV 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите, учесник во Солунските атентати во 1903 година. Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле од Велес, кои се нарекле „Гемиџиите“, на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва меѓу народот. Илија Трчков е роден во 1884 година во Велес, за време на Османлиското Царство. Основно училиште завршил во родното место, а школувањето го продолжил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Додека таму учел, се запознал со анархистичките идеи и станал член на кругот „Гемиџии“. Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле велешани кои се нарекле „Гемиџиите“, под слоганот „Се арчиме за Македонија“ на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва меѓу народот. Според претходниот договор на групата, единствени жртви за Македонија требало да бидат тие самите. Целта им била да го свртат вниманието на Европа за Македонија поробено под турско ропство Велешкиот гемиџија Илија Трчков учествувал во нападите во Солун во 1903 година. Вечерта на 15 април 1903 година, Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле напад на пругата Солун-Цариград при што делумно ја оштетија локомотивата и неколку вагони на возот што минувал, без притоа да им наштетат на патниците. На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков не успеале да го кренат во воздух резервоарот за гас на фабриката за гасно осветлување, бидејќи стражарот ги приметил. Откако се разделиле, Трчков фрлил бомба во австриската пошта, а потоа фрла бомби на главната улица. По атентатите Мешев и Трчков се вратиле во нивниот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Тие фрлија над 60 бомби, а потоа намерно се изложиле на куршумите на турскиот аскер и загинале. Подготвил: Т. К. |