Среда, 14 Мај 2025    Печати
Димитар Коштанов

1321 copy copy

Димитар Коштанов (18. III 1879 – 21. V 1915) е македонски револуционер, војвода, гемиџија. Тој бил член на ТМОРО, а подоцна станал член на групата Гемиџии. Учествувал во ископување на подземниот тунел на Отоманската банка во Цариград. По Младотурската револувија во 1908 годона, тој бил еден од основачите на Народната федерална партија (1909 - 1910) во Горна Џумаја.

Димитар Коштанов е роден на 18 март 1879 година во Горна Џумаја, денешен Благоевград, Пиринскиот дел на Македонија. Дипломирал во машката гимназија во Солун, а потоа студирал инженерство во Швајцарија, но не дипломирал.

Со своите анархистички убедувања, тој се приклучи на ТМОРО, а подоцна станал член и на групата Гемиџиите. Оваа група сметала дека резултатите можат да се постигнат преку загрозување на интересите и капиталот на големите сили во Отоманската Империја. Врз основа на овие принципи кон групата се присоединиле Тодор Органџиев, Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Георги Богданов, Павел Шатев, Марко Бошнаков и Димитар Коштанов.

Во 1900 година, Централниот комитет ги испратил Димитар Коштанов и Александар Кипров, за да ги заменат уапсените Петар Манџуков, Петар Соколов и Павел Шатев. По замената се продолжило со копањето на тунел под Отоманската банка во Цариград.

Во 1901 година, турските власти ја пресретнале тајната преписка меѓу Димитар Коштанов и Христо Матов и го запечатиле складиштето низ кое се копал тунелот. Потоа, Димитар Коштанов успеал да избега од турската власт.

Во 1902 година станал војвода во Ахчелебиско (Смоленско). Во 1905-1906 година работел во Варна. По Младотурската револуција од 1908 година, Димитар Коштанов бил еден од основачите на Народната федерална партија во Горна Џумаја.

Димитар Коштанов подоцна се занимавал со претприемништво во градежништвото. Тој се удавил во реката Струма на 21 мај 1915 година, додека градел мост во близина на селото Покровник.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.