Среда, 04 Јуни 2025    Печати
Стојна Димова - Бафчанка

Stojna

Стојна Димова – Бафчанка (1845 – 10. IX 1927) е македонска револуционерка, деец на Мзкедонската револуционерна организација. Таа станала главен организатор на Организацијата во Прилепско. Во домот на Стојна комитката или уште позната како Мајка Стојна Бафчанка била сместена редакцијата и печатницата на нелегалниот весник „Шило“ и таму се криело оружје, револуционери, војводи и се лекувале болни и ранети четници.

Стојна Димова – Бафчанка  е родена 1845 година во Прилеп. Таа е мајка на учителите-револуционери Атанас Иванов, Кочо Иванов и Марија Иванова. Таа е била пример на смел и доверлив човек на комитетот, во чија куќа се криеле револуционери, војводи, оружје и материјали од Организацијата.

Од создавањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година,  па се до 1908 година кога заминала за Софија, домот на мајка Стојна бил сврталиште и скривалиште на сите месни револуционери и на сите апостоли на револуцијата кои минувале низ Прилеп.

Мајка Стојна била клучот на Организацијата за Прилеп и прилепско. Во семејната куќа била сместена редакцијата и печатницата на нелегалниот весник „Шило“. Таа со својот сопруг Иван лекувале болни и ранети четници, а во 1901 година тука се криел и Гоце Делчев кој поминувал низ Прилеп.

Свештеникот Јордан Ангелов, редактор на вестникот „Шило“ и член на прилепското раководно тело, за Стојна Бафчанка напишал: „Во нејзината куќа се донесуваа судбоносни решенија, курири се среќаваа, болни четници се лекуваа и војводи се криеја. Мајка Стојна беше клучот на организацијата за Прилеп и Прилепско. Кај неа во куќата имаше ископано подземно засолниште. Но таа секогаш плачеше, кога требаше да сокрие во мрачната јама жива револуционерна душа...“.


Во 1907 година кај неа дома се криел секретарот во прилепската околиска чета, младиот Димитар Робев, од Битола, кој заболел од тифус. Во желба да го спаси болниот четник се решила на ризик и го повикала најдобриот турски лекар во градот. Иако го преставила Димитар како свој внук кој си дошол од Романија, на лекарот веднаш му станало јасно за кого се работи и и рекол на Стојна:„Макар и да е комита, лекарската заклетва ми налага да му помогнам и нема да ве предадам, но за жал, момчето е безнадеждно болно и наскоро ќе умре“.

И набрзо Димитар Робев починал а Стојна го оплакала како свој син, го пресоблекла и со помош на доверливи луѓе од Прилеп, тајно го погребала во гробот на загинатиот револуционер Никола Каранџулов во Селце.

Стојна Димова - Бафчанка починала на 10 септември 1927 година во Софија.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.