Среда, 25 Јуни 2025    Печати
Милан Делчев

M. Delcev

Милан Николов Делчев (1883 -  2. VI 1903) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, помал брат на Гоце Делчев. Минувајќи со соборец низ коријата на с. Неманци, наишле на османлиска заседа. Во нерамната борба, тој се борел до последниот куршум. Дури по три дена селаните го погребале, а коријата ја нарекле Милан–Делчева Шума.

Милан Николов Делчев  е роден во 1883 година во Кукуш. Тој е трет син на Никола и Султана Делчеви, помал брат на Гоце Делчев. Во 1901 година, на 18 годишна возраст, тој станал четник во четата на војводата Крсто Асенов.

Пред почетокот на Илинденското востание, Солунската окружна чета на војводата Крсто Асенов, биле опколени во село Владимирово од османлиската војска. За да се пробијат од обрачот четата се поделила. Откако се поделиле по двајца тројца, во групи за пробив, Милан со еден другар-соборец неколку дена се криел во село Мурарци (Кукушко).

Потоа, минувајќи низ коријата на село Неманци, наишле на османлиска заседа и во нерамната борба, соборецот се предал, а тој се борел до последниот куршум. Дури по три дена селаните го прегледале теренот, го нашле телото и го погребале, а коријата ја нарекле Милан–Делчева Шума.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.