Среда, 02 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Васил Главинов

vasil-glavinovВасил Главинов (Велес, 1869 – Софија, 24.I.1929) – е основоположник на социјалдемократското движење во Македонија. Бил член на Бугарското работничко друштво „Братство“, а во 1893 година ја формирал самостојната Македонска социјалдемократска група со задача да ја шири социјалистичката идеологија меѓу мекедонските печалбари и во Македонија. Бугарските социјалсти не го подржуваат и го прогласуваат за сепаратист во моментите кога се обидел Групата да прерасне во Македонска партија. Во 1894 година го формирал првото работничко културно просветно друштво во Велес. Групата на Васил Главинов во 1895 година ги издава и првите македонски социјалистички весници „Револуција“ и Политичка свобода“, преку кои го повикуваат македонскиот народ за ослободување на Македонија и за создавање независна република. Голем дел од членовите на Групата влегле во Македонската револуционерна оргазнизација и учествувале во Илинденското востание како војводи и борци. По востанието, Главинов продолжува со класното работничко движење, а по Првата светска војна дејствувал во Бугарија каде и умира.

Васил Главинов е роден во Велес околу 1869 година. Потекнува од сиромашно велешко семејство, а основното образование го стекнува во училиштето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Немајќи средства да го продолжи своето образование, тој го изучува столарскиот занает и релативно млад се соочува со тешка експлоатација и социјална неправда. Тешкиот живот и безработицата го принудува да го напушти Велес и како голем број свои сонародници, да ја дели тешката судбина на печалбарскиот и емигрантскиот живот. Во 1887 година заминува на печалба во Бугарија.

По доаѓањето во Бугарија, Главинов најпрво се вработува во фабрика за ќерамиди во Софија, а подоцна отвора сопствена столарска работилница. Меѓутоа набрзо тој ќе ја сподели судбината со бројните балкански занаетчии кои осиромашуваат во тој период и во 1892 година во недостаток на работа ќе ја изгуби работилницата. За да опстане, Главинов ќе работи како наемен работник, што ќе го доближи до работниците со напредни идеи. Истата година ќе стапи во Бугарското  работничко друштво „Братство“, каде ќе му бидат достапни разни брошури и изданија преку кои ќе се запознае со подетално со социјалистичката идеја.

Длабоко задоен со сцијалистичката идеја, своите погледи ги шири меѓу македонската емиграција во Бугарија. Во 1893 година со цел да ја шири социјалистичката идеологија меѓу мекедонските печалбари и во Македонија ја формирал самостојната Македонска работничка социјалистичка група. Меѓу членовите биле: Веле Марков, Никола Карев, Димо Хаџи Димов, Лазар Главинов, Никола Петров – Русински, Димитар Мирасчиев, Андон Шулев, Атанас Раздолов, Стојно Стојнов, Гиго Дандарот и други печалбари, кои подоцна ќе бидат носители на македонската револуционерна борба.

Обидот на Васил Главинов Групата да прерасне во Македонска партија, не наиде на подршка кај бугарските социјалисти кои го прогласуваат за сепаратист. Прогонуван од бугарските социјалисти во 1894 година се вратил во Велес каде го формирал првото работничко културно просветно друштво во Македонија.

Во 1895 година Групата на Главинов го издава своето прво македонско социјалистичко гласило „Револуција“, а во 1898 година и весникот „Политическа свобода“. Покрај двете гласила, се издаваат повеќе прогласи и брошури, кои потоа се префрлаат тајно во Македонија. Свесни дека економски развој и подобрување на социо-економската положба на македонскиот народ неможе да има без национална слобода, социјалистите се залагаа за ослободување на Македонија. За таа цел контактираат со ТМОРО, а преку првите македонски социјалистички гласила го повикуваат македонскиот народ за ослободување на Македонија и за создавање независна Република.

Главинов и неговата Група својата програма и залагања ќе ги објават во новното гласило во кои се вели: „Пред се, за да востане македонскиот народ, потребно е тој да биде подготвен и обучен. Потребна е систематска пропаганда, неуморна дејност од страна на сите дејци што го имаат при срце ослободителниот идеал. Ете зошто ние излеговме со весникот „Револуција“ која ќе биде орган на сите млади ревулуционери кои неразделно се сврзани со угнетената маса и така најдостојно ќе можат да ги насочуваат бунтовничките движења меѓу неа. Тие млади сили, проникнати од принципите на револуционерниот социјализам ќе внесат нови елементи во ослободителната борба. Како што рековме и во нашата покана, нашата парола ќе биде: „Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци“.

Согледувајќи го штетното влијание на Бугарската егзархија во Македонија, групата на Главинов ќе истапи против Трновските патрици и владици велејќи дека: „не се полезни за една борба кога тие се пример за незнаење и дивотија. Ние нема да бараме застапување на народот во трнливи боцки на религијата и забавните песни и тропари на поповите.“ Инспириран од блескавиот пример на борбата за ослободување на Ерменија,  Главинов и неговите социјалисти ќе потенцираат дека „Само измачениот и потиснат Македонец, кој ја почуствувал сета тежина, неподносливата грубост на турскиот вандализам, само тој е компетентен да го бара соодветниот лек. Додека Македонците не се кренат сите до еден, никој нема да се заинтересира за нив.

Васил Главинов и неговите македонските револуционери - социјалисти во Програмата објавена во весникот „Политическа свобода“, од 1898 година, покажуваат дека евулуираат во ставовите кои се однесуваат на ослободителната борба на македонскиот народ и ширењето на социјалистичките идеи. Во „Отвореното писмо до македонските револуционери“ се укажува дека „народниот суверенитет“ би бил само пуста желба, доколку се прифати политичката автономија на Македонија под суверенство на турскиот султан и затоа бара одделување и целосна независност на Македонија во политичка, финансиска, административна или било која друга смисла.

Васил Главинов зема активно учество во организирањето на социјалистите во Софија во 1898 година кои протестираат против насилствата и злосторства извршени од турската власт. Јавните истапи на Главинов и на Македонската работничка социјалистичка група стануваат трн во око за бугарските власти и нивните аспирации кон Македонија. Бугарските власти преку софиските весници  започнуваат напади против социјалистите на Главинов,  а кампањата исполнета со низа клевети добива судски епилог против редакцијата на „Револуција“ . Но сите овие напади уште повеќе ја зацврстуваат групата која продолжува со засилена пропагандна активност.

Васил Главинов и неговите социјалисти на теренот тесно соработуваат и имаат заеднички акции со членовите на ВМРО. Отука на првата социјалистичка конференција одржана во јуни 1900 година во Крушевско, во донесените решенија ќе укажат дека „ВМРО, како општонародно револуционерно движење во Македонија и Одринско, не може да трпи други сродни револуционерни организации, кои само ќе ги раскинуваат неговите револуционерни сили и заемно ќе си пречат и, при таква положба, заемно ќе се истребуваат, а од тоа ќе спечалат само нашите заеднички непријатели и ќе се забави со десетици години нашето ослободување од султанскиот режим.“ Со заклучоците кои произлегоаа од ова конференција, Васил Главинов ќе го запознае Гоце Делчев, кој пак му овозможува дистрибуција на социјалистичката и другата ревулуционерна литература во Македонија преку каналите на ВМРО.

По крвавото задушување на Илинденското востание, Главинов во Бугарија се обидува да ги поплни и зацврсти разнишаните позиции на социјалистичката револуционерна група и во зимата 1904 година ќе се формира македонско-одринска социјалдемократска револуционерна група во која влегуваат низа истакнати револуционери.

По младотурската револуција во 1908 година, се создадоа легални услови за дејствување на најразлични организации и партии во Отоманската држава. Во овој период Главинов ја засилува својата активност. Во 1909 година станува одговорен уредник на новиот весник „Работническа искра“, кој ги штити работничките интереси во Турција. Разоткривајќи ги завојувачките аспирации на балканските држави, бурно реагира на различни настани кои се случуваат во и околу Македонија. Истат година патува во Цариград и во поголемите македонски градови каде работи на подготовките за испраќање на делегати од Македонија на Првата балканска социјалдемократска конференција која се одржа од 25 – 27 декември 1909 година во Белград. На конференцијата од Македонија покрај Главинов учествуваат Стојан Дивлев, Душан Цекиќ и Михаил Цоков.

По избувнувањето на Балканските војни Главинов се враќа во Бугарија каде ќе остане до крајот на својот живот. По превратот во 1923 година се повлекува од јавниот живот, а на 24 јануари 1929 година умира во Софија. Васил Главинов во историјата на македонското работничко движење зазема истакнато место и ќе остане запаметен како прв промотор на социјалистичката идеја и организатор на работничкото движење.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.