Среда, 23 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Симон Трпчевски

simon-trpcevskiСимон Трпчевски (Скопје, 18.IX.1979) – е македонски пијанист и универзитетски професор, еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумскиот натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. Настапувал на рецитали и како солист на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др. Трпчевски поседува феноменална техника, добар вкус и инспиративна имагинација, која му обезбедуваат врвен квалитет како пијанист. За неговиот талент сведочат многубројните меѓународните успеси, одлични критики и награди меќу кои:  Најуспешен млад уметник (Young Artist Award) на Кралското филхармониско здружение од Лондон (2003) и признанието „Златен дијапазон 2010“ за најдобра концертна изведба на компакт – диск (Париз, 2010), една од најпрестижните награди во светот на класичната музика. Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот. За неговите високи дострели во неговата професионална музичка дејност како врвен пијанист, со што даде огромен допринос во збогатувањето на македонските културни вредности и новната афирмација во светот, претседателот на Република Македонија , Ѓорѓи Иванов, во 2009 година го одликува со „Орден за заслуги за Република Македонија“.

Симон Трпчевски е роден на 18 септември 1979 година, во Скопје, како трето дете во семејството Трпчевски. Како најмал, роден по братот и сестрата, тој е галениче на сите. Пораснал во семејство во кое се негувала љубовта кон музиката, посебно кон македонската староградска песна. Во дом исполнет со љубов, топлина и музика, семејството Симон Трпчевски од родителите добива прекрасно воспитување.  Неговото семејство, со „топлина која тешко може да се замисли“ ќе му ја дадат целата поткрепа во најважните и најтешките моменти во текот на неговиот живот и мудро ќе ги постават основите на една здрава, нормална личност, способна да се справи со сите животни предизвици. Неговите музикални родители, кои професионално не се занимавале со музика, ќе му го покажат патот кон ѕвездите.

Симон Трпчевски припаѓа на руската пијанистичка школа од професорите Романови, каде се стекнува со одлична работна навика. Во зависност од обврските и потребите како ученик на музичкото училиште, а потоа и студент на ФМУ, вежбал по 4 до 5 часа, но не секој ден. За него отсекогаш било важно како вежба и како го организира времето. Кај Романови учел најразновиден репертоар, од барок па се до 20 – от век, што е од исклучително значење за еден уметник. Дипломирал во 2002 година, а магистрирал во 2004 година на ФМУ во Скопје во класата на Борис Романов.

Воспитан и образован во здрава средина, како и индивидуалните способности му овозможуваат да ја надмине тремата уште од најраното детство. Кога родителите му купиле пијанино не можеле да претпостават дека нивниот син ќе постане вистинско македонско „национално богатство“ и пијанист од светски ранг.  Во 1995 година, на 16 години, Симон Трпчевски го има својот прв настап со Македонската филхармонија во Скопје, a во декември 1998 година го освојува првото место на меѓународниот натпревар „Yamaha Music Foundation of Europe“ во Скопје, кој ќе го најави неговиот пат кон ѕвездите.

Ѕвездените мигови на Симон Трпчевски започнуваат откако го освои второто место на Светскиот милениумски натпревар по пијано во Лондон (,,Millenium World Piano Competition London"), во април 2000 година, што претставува еден од најголемите успеси на македонската култура. Тој е првиот појанист од Македонија кој настапил во Лондонската концертна сала и кој заедно со врвниот оркестар ги загреал срцата на 2500 илјадната публика, меќу кои на англиската кралица и на принцот Чарлс.

Симон Трпчевски по настапот во Лондон, остварува исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. За талентот на Трпчевски светот дозна по неговиот деби настап во „Виџмор Хол“ во 2001 годинаи и по многуброните признанија што подоцна ги освоил на интернациналните натпревари во Англија, Италија и Чешка. Во мај 2003 година ја освојува наградата Најуспешен млад артист (Young Artist Award) од Кралското Филхармониско Друштво (Royal Philharmonic Society), а во април 2005 година и наградата Диск на месецот, во Музичкиот магазин на БиБиСи (BBC Music Magazine). Во текот на својата кариера, Трпчевски освојува низа награди и признанија, меѓу кои и наградата „Златен дијапазон 2010-та“, за концертно ЦД на годината, што ја добива во ноември 2010 година, во Париз, а која преставува една од најпрестижните награди воопшто во светот на класичната музика.

Симон Трпчевски на своите настапи со својата феноменална техника, добар вкус и инспиративна имагинација, како и со својот скромност, љубезност и непосредност, ја плени не само побликата, студентите и медиумите, туку ги освојува и срцата на критичарите кои Трпчевски го вбројуваат во музичари со редок талент. По деби настапот на „Промс“ заедно со Шкотскиот камерен оркестар, во Лондон 2004 година, критичарот на „Индепендент“ ќе напише дека „луѓето наскоро ќе лицитираат за влезници за нстапите на Симон Трпчевски“.  Отогаш тој е стално во очите на светкста јавност, настапувајќи на турнеји низ Европа, Америка, Азија, Австралија... Настапувал на рецитали и како солист на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Санкт Петрбург, Милано, Сиднеј, Токио, Хонг Конг, Бразилија, Њујорк, и др.

На гостувањето во Америка во 2007 година беше прогласен за најголемо чудо од Македонија по Александар Македонски Слична споредба беше направена уште во статијата на лондонскиот магазин „Пијанист“ во 2005 година, во која медиумите ќе објават дека Симон Трпчевски „го освојува светот на класичната музика, како што Александар го освојувал светот“. Додека во светот е познат како „Чудото од Македонија“, на кој силно му аплаудира публиката од сите меридијани, Лос Анџелес, Токио и Париз, за нас тој е најдобар репрезент на Македонија, амбасадор-пијанист кој ја пренесува славата  на македонската уметност содадена на македонско тло.

Популарноста воопшто не ја наруши неговата скромна природа. Воспитан во духот на традицијата и аманетот, Симон Трпчевски и покрај светската слава, никогаш не ги заборава своите македонски корени, каде уште од мал, првите посериозни настапи ги имал во рамките на Подиумот на млади на престижното„Охридско лето под сводовите на Св. Софија“. Неговиот блесок, како и на ѕвездите Тоше Проевски, Ана и Игор Дурловски и Весна Гиновска-Илкова, овозможија во 2005 година, за првпат по  29 – годишната традиција да блеснат и Деновите на македонската музика. Како благодарност за неговиот напор да ивлече максимум од старите инструменти, неколкумина домашни и странски донатори во 2008 година ќе му подарат концертно пијано од марката „стенвеј“.

Среќен што е меѓу првите Македонци кои постигнале позабележителни успеси на ова поле, а за да се одолжи на подршката која му ја даде македонскиот народ, тој ќе организира концерти во неколку града во Македонија, за да ја доближи класичната музика од кои извира уникатен и монументален звук на македонската публика. Со тоа тој кај жителите на македонските градови и села, внесе малку музика во секојдневниот живот исполнет со стресови. Симон Трпчевски учествува и на хуманитарниот концерт кој го организираше во 2009 година Лајон клубот „Вардар“ во хотелот „Холидеј Ин“, а собраните средства целосно беа наменети за организирање на „Летен камп 2009“ во Охрид, за дваесетина деца болни од дијабетес од цела Европа.

Познатства и репутацијата на Симон Трпчевски ќе овозможат во Македонија да гостуваат најпознатите оркестри во светот како што се: Лондонската филхармонија, која е еден од трите најдобри окестри светот и Бољшој театарот. Трпчевски му ги отвори очите на светот за тоа што може Македонија, една толку мала земја да понуди на артистичко ново. Тој покажа дека Македонија е извор на таленти кои ги збогатуваат трезорите на светската музичка ризница.

Симон Трпчевски е позитивине пример за вистински успех и за остварување на сонот на некој кој што доаѓа од една толку мала земја како што е Македонија. Тој преку клавишите на пијаното, му покажа на светот дека Македонија, достојна на своите корени е татковина на инзвонредни уметници.

За својот допринос од областа на уметноста тој е добитник на наградата „13 Ноември“ која се доделува во чест на ослободувањети на градот Скопје, а за неговиот огромен допринос во збогатувањето на македонските културни вредности и нивната афирмација во светот, претседателот на Република Македонија , Ѓорѓи Иванов, во 2009 година го одликува со „Орден за заслуги за Република Македонија“.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.