Среда, 19 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Макариј Негриев

makarij-negrievМакариј Негриев (Галичник, 1800 - Пазарџик, Бугарија, 1859) е македонски резбар и иконописец од Дебарската (Мијачка) школа, еден од најнадарените резбари-копаничари од родот на Фрчковци. Освен со резбарство, се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Од рацете на Макариј Негриев ќе излезат многу црковни иконостаси во централна Македонија. Учествувал во изработката на иконостасот во скопската црква “Св. Спас“ (1825), како и во изработката на таваниците во познатите конаци на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во с. Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден. Освен тоа, пашата кој потекнувал од Пазарџик го препорачал да учествува во украсувањето на тамошната Чарши-џамија.

Макариј Негриев Блажев е роден околу 1800 година во Галичник. Син е на мијачкиот градител и резбар Негрија Блажев, кај кого од мал се обучува и го развива талентот, заедно со своите браќа Трајан и Ѓурчин. Сепак, од трите сина на Негрија, Макариј бил најнадарениот син. Откако станал за женидба, станал зет на Петар Филипович – Гарката, кај кого почнал да работи како помошник.

Во 1824 – 1825 година, работејќи во тајфата на Гарката, Макариј Негриев учествува во изработка на иконостасот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Меѓу стилизираната вегетација на иконостасот, мајсторите Гарката, Макариј и Марко од Гари ги изработуваат своите автопортрети под кои стои натпис: „Први мајстор Петре Филипович од Гари, Макриа од Галичник, Марко од Гари, Дебрани од Мала Река 1825“.

Во исто време Негриев работи на таванската дрворезба во конаците на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во село Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден (со коњ и постојано место на пазарот во Скопје). Освен тоа, пашата го препорачал да учествува во украсувањето на Чарши-џамијата во Пазарџик (од каде што самиот потекнувал).

Во 1829 – 1835 година, Макариј Негриев работи на изработка на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот „Св. Јован Бигорски“, кои спаѓаат во врвните остварувања на резбарството. Како член на тајфата на Гарката, Макариј работи на остварување на уште едно заедничко дело. Во 1836 година тие работат на изработка на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон за црквата „Св. Богородица“ во Скопје (изгоре во 1944 година). Потоа Макариј се одделува од резбарската тајфа на Гарката и работи самостојно.

Во четириесетите години на XIX век, Макариј Негриев како главен мајстор со својата резбарска тајфа  работи во Приштина, каде ја изведува една од своите најуспешни работи. Негово дело е иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Приштина. Членови на тајфата и учесници во оваа и потоа на други работи, биле браќата на Макариј, Ѓурчин и Трајан, чии ликови ги врежал во приштинскиот иконостас.

Во овој период Макариј учествува на конкурсот за изработка на иконостасот на Богородичната црква во Пазрџик, во кој по желба на црквата и граѓаните се бара најубав и по својата оргиналност дотогаш невиден иконостас. Во конкуренција со резбарите од Самоковската резбарска школа, кои понудиле флорални фигури, Макариј Негриев ја добива работата понудувајќи во стилот на мијачката резбарска традиција човечки фигури вешто вметнати во неколку старозаветни приказни изработени на неколку табли. По добивањето на работата Макриј Негриев и неговата тајфа ќе изработат иконостас кој е уникатен по својата резба (поради што денес се наоѓа под покровителство на УНЕСКО).

Макариј и неговите браќа Ѓурчин и Трајан се автори и на иконостасот во пловдивската црква „Света Недела“, кој е со извонредна резба и еден од најголемите од времето на Преродбата. Тие се изведувачи и на рељефната декорација на капителите.  

Околу 1856 година, Макариј Негриев ги украсува капителите на колоните во предворјето на црквата „Света Недела“ во Софија, со специјална смеса од вар, памук и зејтин. Се претпоставува дека покрај иконостасите, негово дело се капителите на црквите „Успение на Пресвета Богородица“ во Пазарџик и  „Света Недела“ во Пловдив.

Освен со резбарство, Негриев се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Тоа е занает на кој некои мајстори во XIX век целосно му се предавале. Бидејќи карактерот на резбата одговарал и за украс на ентериерот на куќите, Макриев со својата тајфа изработувал резбани таваници, долапи, сандаци и друг мебел за голем број на беговски куќи во Македонија и пошироко.

Макариј Негриев починал во 1859 година. Погребан е во црквата „Успение Богородично“ во Пазарџик. На вградената плоча на источната фасада од црквата стои натпис: „Макарие Негриев Фрчковски од Галичник, Дебарско – Македонија. Мајстор копаничар на иконостаса в храма Св. Богородица Пазарџик.

Починал тук ....“

makarij-negriev-2Тајфата на Макариј Негриев ја продолжила својата работа и по неговата смрт, предводена од неговите браќа Ѓурчин и Трајан, а подоцна и од нивните синови кои работеле во околината на Варна и Добруџа. Макариј имал четири синови:  Христо Макриев (1841 - 1893), Исаија Макриев (1843 - 1881), Кузман Макриев (1844 - 1899) и Серафим Макриев (1845 - 1869). Некои од децата на браќата Негриеви се вратиле во Македонија, каде продолжуваат со својата работа.

 

На прво место

News image

Премногу е, молчењето не е опција, протест за рушење на владата

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледа целата ситуација во која се наоѓа државата, ...

Историја

News image

Мирцштегски реформи

Илинденското востание и положбата што по него настанала во Македонија ја предизвикале реакцијата на ...

Иселеници

News image

Срдечна средба на двајца активни ветерани - од македонското движење во дијаспората

Во годината на одбележување на 100 годишнината од поделбат...

Култура и туризам

News image

Јакупица или Мокра Планина

  Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.