|
Во миговите на исчекување Барај го Господ во дрвјата И миризливите цветови што растат. Барај го Господ во мирните извори И малите реки што течат. Моли го возвишениот преку нив Да не признае нас Македонците Да ја признае нашата Мајка Македонија, А на подмолните непријатели Да им даде ум и разум – На туѓи гробови да не плачат, Туку да си ја плачат својата судбина.
Во миговите на самосознавање Барај го Господ во децата И во нивната прекината игра. Барај го Господ таму Каде што луѓето клечат и молат, Барај го Господ каде и да си, Во секое време. Помоли се и Тој ќе биде таму,зошто Тој не е далеку И Светот ќе ја дознае вистината За нашите траги од Минатото, За нашите чекори во Сегашноста, Што со кренати глави ќе не понесат Во светла иднина.
Од стихозбирката “Извор“, Матица Македонска , Скопје, 1996
Автор: Иванка Петровска, Мелбурн, Австралија

|