Среда, 12 Мај 2021    Печати
На Гоцета

19Goce

Би сакал да живеам ко  тебе

за народот  свој

би сакал да умрам ко  тебе  
за слобода в  бој

Би сакал ко  тебе да станам
ѓавол фркофат,
потери насекаде да ме  бараат
но да не  смеат да ме сретнаат
на пат.

Би сакал ко  тебе
за Македонија да страдам,
би сакал црната чума
да ја падам.

Би сакал ко  тебе да умрам
со пушка во рака,
би сакал народот песни да ми пее
и ко  тебе да ме  сака.

Би сакал ко  тебе
комитска чета да водам,
би  сакал низ  Македонија
војвода да бродам.

Оваа песна е објавена во списанието Илинден 1903,
1976 г. во Гетеборг – Шведска
Потпишана со:
Стаподдрен