Среда, 16 Декември 2015    Печати
Во Галичко некаде

Зурли и тапани од далеку се слушаат,
планини и ридови од тонови се рушат –
во Галичко некаде свадба се спрема,
ни разигра срца со душевна трема.
Топотат копитата од коњскиот кас,
светат ѕвездите, небесниот украс,
со факели запалени по невеста се оди
две срца разиграни, силна љубов се роди.
На сретсело денес многу народ се собра –
да види сака, галичка традиција добра,
одекнуваат тапаните и зурлите свират
тешко оро се заврти, душата да ја смират.
Се вратија мислите за поранешното време,
кога Кузман Капидан носеше толку тешко бреме,
а мајката Неда од гласник страшна вест доби –
ко остро сечило неа, длабоко во срцето ја проби.

marija-crvenkovski