Петок, 22 Јануари 2016    Печати
ИЛИНДЕН

12515974 926761440710363 366862359 nМИЛИЦА ПАУЛУС

Земјо македонска,

какви чеда комити си родила!

Без опинци и без оружје

од Егеј до Пирин и Вардар,

заклетва „смрт или слобода“

над светото писмо давале.

Илинденско востание дигнале,

со црешово топче

против османлиска власт,

а храброста нивна

најголемо оружје била.

После толку векови

изгреало сонце македонско.

Илинден,

ја осветли Македонија!

Денес , 16 крако сонце се вее

и за јунаци тогашни, песна се пее.

Ечат зурли , кавал и тапани,

за гордоста комитска

што не грее.

Застанавме на нозе

бре џанам

на божји светол ден ,

Илинден !

Убава мајко Македонијо

со наш најголем

државен празник ,

Илинден !

Верба во тебе имаме,

тој е светлината македонска.